ПОПОВ

ПОПОВ-ГУШЛЕ, Стојан (с. Косинец, Костурско, ок. 1848 – ?) – ајдутски војвода. Со својата ајдутска дружина (од 1883) крстосувал како народен заштитник во Воденско, Прилепско и Тиквешко. Ликвидирал повеќе зулумќари. ЛИТ.: (Ѓ. Абаџиев), Македонски возрожденци и револуционери. Албум, Скопје, јуни 1950, 76. С. Мл. Василие Поповиќ -Цицо