ПОПОВ

ПОПОВ, Столе (Скопје, 20. Ⅷ 1950) – филмски режисер. Дипломира режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград (1973). Во текот на студирањето има снимено десет краткометражни студентски филма. Работи во „Вардар филм“ (1978–1988), а од 1989 г. е професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Еден од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови „Триангл“. Од 1999 г. е член на Европската филмска академија. Професионалната кариера ја започнува со документарниот филм „Оган“. Особен успех постигнува со филмовите „Австралија, Австралија“ (1976) и „Дае“ (1979), кој е номиниран за наградата „Оскар“. Од 1981 г. Попов го прифаќа предизвикот на играниот филм, каде што се докажува како зрел автор. Неговите четири долгометражни остварувања, како и неговите документарци, постигнуваат врвни успеси на голем број домашни и меѓународни фестивали (Оберхаузен, Мелбурн, Лајпциг, Лондон, Порто Алегре). Вклучувајќи се во политиката, станува пратеник во Собранието на РМ. Иг. Ст. Трајче Попов