ПОПОВ

ПОПОВ, Живко Михалиев (Битола, 23. Ⅵ 1950) – хирург-уролог, доктор на медицинските науки, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Член на МАНУ (од 2009). Бил на стручно усовршување во Живко Попов Париз (Франција) од областа на трансплантацијата на бубрези (1991–1995). Истражува во под-рачјето на карциномот на урогениталниот систем. Основач и раководител на Центарот за трансплантација на бубрези (1995) и директор на Клиниката за урологија. Публикувал над 70 научностручни трудови. Ал. Ставр.