ПИЕРИЈА

ПИЕРИЈА (Пиериа) – античка об-ласт во Долна Македонија што го опфаќала тесниот приморски појас по должината на Термајскиот Залив, од утоката на р. Пенеј на југ, до устието на р. Халијакмон (Бистрица) на север, а на запад до планината Олимп и Пиериските Планини. Била населена со племето Пиери, а нејзин епоним е Пиер, синот на Македон. Птолемај и Страбон под Пиерија го подразбираат целото приморје до р. Аксиј. Позната е како света област и татковина на музите, каде што паселе светите крави на Аполон украдени од малиот Хермес. Имала развиен градски живот со голем број градови како: Метона, Пидна, Пимплеја, Лејбетра, Хераклејон, Фила и др. Во Пиерија се наоѓал и светиот град на Македонците Дион.
ИЗВ.: Тити Ливи, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.

Напишете коментар