ПАСИШТА

ПАСИШТА – земјоделски површини на кои вегетира едногодишна и повеќегодишна тревна растителност, а во поголемиот дел од годината се искористуваат со напасување. Според постанокот, можат да бидат природни и сеани. Најголемиот дел се под влијание на човекот. Во РМ пасиштата се антропогени и природни, заземаат голем дел од земјоделската површина, околу 50% (а 65% во светот). Се среќаваат на копното од целата планета, од најниската до највисоката точка, т.е. до вечниот снег и мраз, како и од крајниот север до крајниот југ и од исток до запад, овозможувајќи ја адаптибилноста на видовите. П. Ив.

Паскал
Паскалевски

Напишете коментар