ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ

ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ (Павле Василков, Тризловски, Хаџиевски) (с. Лазарополе, Реканско, 1818 – Цариград, 6. Ⅱ 1876) – македонски учебникар, митрополит и културен деец. Се школувал во ќелијното училиште во дебарскиот манастир „Св. Јован Бигорски“, потоа во Призрен, Солун и во Цариград. Во Русија завршил семинарија и духовна академија. Се замонашил во Зографскиот манастир на Света Гора со мо-нашкото име Партенија. Бил кукушко-полјански епископ (1859– 1867), нишавско-пиротски митрополит (1867–1876), професор, библиотекар, автор, преведувач. Отворил книжарница во Фанар (Цариград). Како добар познавач на рускиот, латинскиот, хебрејскиот, грчкиот и францускиот јазик, се посветил на преведувачка и филолошко-учебникарска дејност. Го превел „Пространото св. Климентово евангелие“ од арх. Теофилакт Охридски. Објавил два учебника на македонското наречје, студии за македонскиот јазик и фолклорни записи. Пишувал и за историјата на Охридската архиепископија.

Учебникот

Началное учение за децата“ и филолошката студија


Мисли за бугарскиот

јазик“ (1858)
ИЗВ. и ЛИТ.: А. Трајановски, Од кореспонденцијата на Партениј Зографски,
„Спектар“, 15/29, Скопје, 1997; С. Дракул, Архимандрит Анатолиј Зографски, Скопје, 1988. Ал. Тр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *