ОМО ИЛИНДЕН

ОМО „ИЛИНДЕН“(Сандански, 14. Ⅳ 1990) – македонска национална политичка организација во Пиринскиот дел на Македонија во Република Бугарија. Формирана како единствена Обединетата македонска организација ОМО „Илинден“. Во организацијата влегле ВМРО (Независна) „Илинден“, Комитетот за заштита на правата на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, Културно-просветното друштво „Јане Сандански“ од село Микрево и Комитетот на репресираните Македонци во Пиринскиот дел на Македонија. За прв претседател бил избран Стојан Георгиев. Бугарските власти одбивале да ја регистрираат македонската организација (1990–1992). Покрај активностите за изградба на структурата, организацијата организирала јавни манифестации и се претставувала на меѓународни конференции. Претседателот на ОМО „Илинден“ бил во составот на Семакедонската делегација на Конференцијата за европска безбедност и соработка во Копенхаген, Данска (Ⅵ 1990). Поради одбивањето на регистрирањето, ОМО „Илинден“ поднесла тужба против Република Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур (1995). Со пресудата на тој суд (октомври 2001) Република Бугарија била осудена за непочитување на малцинските права на Македонците. ЛИТ.: Стојан Георгиев-Томовичин, Македонија над с“, Битола, 1990. В. Јот. Оморика (Писеа оморица Панцх.)