НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ (НОМС)
(Егејскиот дел на Македонија, 1945–1949) – македонска национална и политичка младинска организација формирана на 23. Ⅳ 1945 г. Организацијата дејствувала во 4 округа: Костурскиот, Леринскиот, Воденскиот и Гуменџиско-ениџевардарскиот округ, во 7 околии, 3 града и во 183 села. НОМС имал речиси 5.000 члена. Секретар на организацијата бил Минчо Фотев. НОМС бил распуштен од КПГ на 9 октомври 1949 г.
ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949, Скопје, 1985. Ст. Кис.