НАРОДНА ВОЛЈА

„НАРОДНА ВОЛЈА“ (Солун, 17. И 1909 – 5. Ⅵ 1910) – неделен весник, орган на Народната федеративна партија. Излегувал секоја сабота. Уредник бил А. Томов, а подоцна Димитар Влахов (од г. Ⅱ, бр. 6). Објавени се вкупно 74 броја. Подоцна насловот бил печатен и на француски и руски јазик (од год. Ⅱ, бр. 8). Подолго време бил под покровителството на Јане Сандански, а од јануари 1910 г. Редакцијата се свртела против него и неговите приврзаници. ЛИТ.: Ст Симеонов, БÍлгарски периодичен печат в Македони®, Зборник Солун, Софи®, 1934, 245–248; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 236–238; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 83. С. Мл. „Народна волја“, весник на Бугарите и Македонците во САД (1938-1978 „