НАРОДНА ВОЛА

НАРОДНА ВОЛŒ. НАРОДНА ВОЛЅА. ПЕОПЛЕ’С ЊИЛЛ“ (Детроит, Мич., САД, 11. Ⅱ 1938 – 1945 и потоа)> – неделен весник на Бугарите и Македонците во Америка, заедничко продолжение на в. „Трудова Македония“ на МНС во Америка и на в. „Сšзнание“ на Бугарско-македонските работнички просветни клубови во САД, под редакција на Г. Пирински и П. Григоров. Весникот НВ со своите прилози и документи од соработници од сите делови на Македонија и од дијаспората претставува значајна печатена трибина на македонската национална мисла и акција во дијаспората во периодот до и по Ⅱ светска војна. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 148–152; Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 588–655. Бл. Р.