„МУЗИКА“

„МУЗИКА“ – списание на Сојузот на композиторите на Македонија. Почна да излегува во 1997 г. Се издава на македонски и на англиски јазик. Обработува теми сврзани со минатото и со сегашноста на македонската музичка култура. Досега се објавени 18 броја, во кои се публикувани текстови за повеќе македонски автори од сите генерации, како и истражувачки трудови што третираат прашања од македонското подалечно минато. Посветува посебно внимание и на проблеми сврзани со фолклорот во Македонија. М. Кол.