МИЛИЦА

МИЛИЦА – ктиторка на обновената црква „Св. Богородица“ (Матка) на р. Треска (Скопско), обновена во времето на скопскиот митрополит Атанасиј (1496– 1497). Во ктиторската композиција Милица е насликана заедно со синот Никола.
ЛИТ.: С. Николовска, Кодикот на манастирот Матка, „Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија“, 1, Скопје, 1975; Г. Суботиђ, Охридската сликарска школа од ⅩⅤ в., Охрид, 1980; З. Расолкоска-Николовска, Ктиторскиот
портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје, 1995. З. Р.-Н.

Напишете коментар