МЕТОДОЛОГИЈА

МЕТОДОЛОГИЈА – филозофска дисциплина што ја проучува севкупноста на методските постапки, процеси и средства за здобивање, систематизирање и верифицирање на научните знаења. Се дели на општа методологија (ги изучува методите што им се заеднички на сите науки); посебни методологии (методите на одделни научни подрачја: општествени, природни, медицински науки итн.), и специјални методологии (методските постапки карактеристични за определена научна дисциплина). Во Македонија, како филозофска и наставна дисциплина, методологијата систематски се проучува и се развива од оформувањето на Филозофскиот факултет во Скопје (1946). Општата методологија се изучува на студиите по филозофија, отпрво во рам-ките на предметот Дијалектичка логика, а подоцна и како самостоен предмет (на додипломските и постдипломските студии). Посебните, односно специјалните методологии се застапени скоро на сите високошколски институции во РМ. Значајни остварувања од областа на општата методологија (објавени статии, книги, прирачници итн.) постигнаа: (в.) Митко Илиевски, Мирко Ѓошевски, Виолета Панзова и др., а во доменот на специјалните методологии на општествените науки: (в.) Петре Георгиевски (методологија на социолошките истражувања), (в.) Натка Мицковиќ и Наташа Ангеловска (методологија на педагошките истражувања), (в.) Виолета Пет-роска-Бешка (методологија на пси-холошките истражувања) и др.
ЛИТ.: В. Панзова, Логички лексикон, Скопје, 2005; Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 237. В. Панз.

Напишете коментар