МАТЕЈ

МАТЕЈ (Х¶В– поч. на ХВ в.) – охридски архиепископ. Прв поглавар на Охридската архиепископија во периодот под османлиско владеење. Првпат се спомнува во грчкиот натпис од 1408 г. во црквата „Св. Илија“ во с. Елшани, Охридско. Во негово време започнало ширењето на дијацезата на Охридската архиепископија. Бил енергичен и вешт дипломат и успеал во борбата со цариградскиот патријарх Евтимиј да ги преземе Софиската и Видинската епархија по укинувањето на Трновската патријаршија. Починал во 1410 или 1411 г.
ЛИТ.: И. Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®-патриарши®, Софи®, 1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија /патријаршија/, „Годишен зборник на Богословскиот факултет Св. Климент Ох
ридски“, кн. 8, Скопје, 2002. Ал. Тр.