МАСИН, Ѓеорги Фотиев

МАСИН, Ѓеорги Фотиев (Охрид,
6. Ⅴ 1930) – интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1985). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1954). Специјализирал интерна медицина, супспецијалност нефрологија. Хабилитирал на тема „Калулозен пиелонефрит“ (1975). При престојот во Нењ Цастле (Англија) кај проф. Керр се запознава со најновите достигнувања од областа на лекувањето на ХБИ и трансплантацијата на бубрезите. Ја формирал и ја раководел програмата за лекување на ТБИ со ХД во РМ. Бил претседател на одборот за ренална трансплантација при Мед. ф. и претседател на здружението на нефролозите при МЛД. Бил носител на два научни проекта од МОН, а учествувал во изработката на три меѓународни научни проекти. Автор и коавтор е на над 200 научно-стручни трудови од нефрологијата. Бил директор (претседател на работоводниот орган) на Клиниката за нефрологија (1982–1990), а потоа директор на Клиничкиот центар при Мед.
ф. во Скопје (1994–1997). М. Пол.

Маслинки