МАСЕВСКИ, Димитар

МАСЕВСКИ, Димитар (Скопје,
6. Ⅴ 1937) – композитор. Со музика почнал сериозно да се занимава во средношколските години, кога ги напишал првите композиции („Врати се“, 1956). Се вработил (1957) како музичар во Забавниот оркестар на Радио Скопје. Во седумдесеттите години на ХХ в. бил продуцент во Музичката ПРОДУКЦИЈАНАМРТ, каде што продуцирал над 2000 песни, главно од македонски автори. Еден е од иницијаторите за покренување на Скопскиот забавен фестивал. Во ова време создава дел од своите антологиски композиции („Љуби ме, љуби Мирјанка“, „Малечка гулабице“, „Бела хризантема“, „Молчи љубов моја“, „Гриша“, итн.). Соработувал со речиси сите позначајни македонски пејачи (Нина Спирова, Зоран Георгиев, Драган Мијалковски, Даниела Панчетовиќ), како и со некои пејачи од тогашна Југославија (Мишо Ковач, Мики Јевремовиќ). Напишал и голем број детски песни, како и музика за телевизиски серии и театарски претстави. М. Кол.