МАСАКРОТ кај с

МАСАКРОТ кај с. Дабница, Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија (1925) – извршен врз македонското население од месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци (од април до јуни) биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден поголем дел од нив биле и убиени. Како последица на „жестоката инквизиција“, починале ок. 200 души, а поголем број биле интернирани надвор од Пиринскиот дел на Македонија.
ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997; ПетÍр Галчин, Политическите борби в Пиринския краŸ 1923–1939, София, 1989. Ѓ. Малк.

Димитар Масевски