МАРЈАНОВИЌ, Ѓорѓи

МАРЈАНОВИЌ, Ѓорѓи (с. Стара Моравица, Србија, 6. Ⅴ 1939) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во Куманово и во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1962). Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1968), а докторирал на Правниот факултет во Скопје на тема „Правната положба на осуденикот по издржаната казна“ (1973). Избран за асистент по предметот кривично право на Правниот факултет во Скопје (1965), за доцент (1974) и за редовен професор (1993). Превел неколку дела од: Карл Маркс, Гинтер Кајзер и штефан Цвајг (од германски на македонски), Антоан де Сент-Егзипери и Марсел Пруст (од француски на македонски јазик). Основач и лидер на политичката партија Лига за демократија. Објавил повеќе од сто научни и стручни трудови од областа на кривичното право.
БИБЛ.: Македонско кривично право –
општ дел, Скопје, 2003.
ЛИТ.: Правен факултет- Педесет години, 1951–2001, Скопје, 2001. Гор. Л.-Б.

за преземање поефикасни мерки

Карта на Маричката битка (1371)