МАРТИНОВСКИ, Цветко

МАРТИНОВСКИ, Цветко (с.
Селце, Струшко, 25. Ⅲ 1930 –

Скопје, 27. Ⅳ 1995) – раскажувач, критичар, новинар, издавач, редактор на „Современост“, преведувач од руски и од српски јазик, боем. Завршил гимназија во Скопје. Работел како новинар во Радио-Скопје, во „Нова Македонија“, „Трудбеник“, „Просвета“ и
„Вечер“. Го преведувал Достоевски на македонски јазик.
БИБЛ.: „Луњинци“, раскази, 1955; „Квече
рини и разденувања“, раскази, 1959; „Пријатели“, раскази, 1962; „Одбрани раскази“, 1967 г. Г. Т.

Никола Мартиноски, автопортрет