МАРТИНОВСКИ, Трајан

МАРТИНОВСКИ, Трајан (с. Нерези, Струшко, 10. Ⅱ 1951 – Охрид,
4. Ⅴ 1999) – поет, есеист, публицист, талкач низ животот и низ Европа. Завршил Филолошки факултет во Скопје и работел како новинар во
„Студентски збор“ во Скопје и како метач на париските гробишта.
БИБЛ.: „Премолчано време“, поезија, 1982; „Дулбија“, поезија, 1988; „Христовиот син“, поезија, 1994; „Гробот на Чинго“, есеј, 1995; „Голтки“, поезија, 1990; „Говорот на цвеќето“, есеј, 1995; „Писмото на сликата“, оглед за пејзажот на сликарот Јордан Манасиевски; „Одговор на писмото“, есеј, 1996; „Петнаесет пеења за Карва
нот на цвеќето на мирот“, 1998; „Брезоњо
– биографија на каменот и цветот“, пато
пис, 1998; „Еригон петнаесет години подоцна“, кон драмската претстава на „Еригон“ од Јордан Плевнеш, 1999 и „Златен венец на спомените“, сеќавања, 1999. Г. Т.

Цветко
Мартиновски