МАРКО

МАРКО (Ⅸ – Ⅹ в.) – деволски епископ (прва пол. на Ⅹ в.). Бил ученик на св. Климент, потоа и на св. Наум. Ја продолжил нивната работа во организирањето на Охридската книжевна школа. По негова наредба еден анонимен ученик на св. Наум го создал „Првото Наумово словенско житие“, во кое житиеписецот го нарекол епископот Марко „четврти епископ на словенскиот јазик“. ЛИТ.: Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Б. Петр.