МАРИНОВСКИ, Димитри

МАРИНОВСКИ, Димитри (Охрид, 14. Ⅸ 1928) – оперски певец, баритон, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај повеќе вокални педагози, меѓу кои проф.
М. Симиќ-Матиевиќ (Белград) и проф. М. Борчиќ (Загреб). Во Операта на МНТ е во постојан работен однос од 1952 до 1983 г., но и понатаму, до 1994, учествува во реализацијата на нејзиниот репертоар. Во меѓувреме (1961– 1975) е ангажиран како солист во Новосадската опера. Остварил повеќе од 15 главни улоги, од кои позначајни се: Риголето, Набуко, Магбет, Холанѓанинот скитник (во истоимените опери), Јаго (Отело), Скарпија (Тоска), Род-риго-Поза (Дон Карлос), Амонасро (Аида). Поседува моќен гласовен потенцијал, добра пејачка школа и сигурен артистички настап на сцената. Гостувал во Грција, Египет, Бугарија, Турција, Романија, Италија. Ф. М.