МАНЕВСКИ, Михајло

МАНЕВСКИ, Михајло (Башино Село, Велешко, 24. ⅩⅠⅠ 1937) & правник. Основното и средното образование го завршил во Велес, а Правниот факултет во Скопје (1960). Работел во обвинителството, во судството и во државната власт. Бил заменик јавен обвинител на Македонија (1976&1984 и 2000&2002), министер за правосудство и управа во ИС на СРМ (1986&1991), претседател и член на Државната комисија за спречување на корупцијата (2002&2005) и министер за правда во Владата на РМ (2006&2009). Учествувал на повеќе меѓународни конференции за прашања од организираниот криминал и корупцијата. Објавил повеќе трудови во стручни списанија, како и две посебни книги.
БИБЛ.: Казнено-првна заштита на јавните финансии & правни аспекти и практични искуства, Скопје, 2003; Корупцијата во Република Македонија, Скопје, 2005. Св. ш.

Стефан Маневски