МАЛЕШЕВО

МАЛЕШЕВО (Малешевија, Малеш) – висок предел во источниот дел на РМ. Го зафаќа изворскиот слив на реката Брегалница, до нејзината клисура над с. Разлов
ци. Тоа е опколено со Малешевските Планини и со разграноци на Влаина, Голак и Плачковица, а е отворено само накај север по долината на Брегалница. Преку М. водат две регионални сообраќајници. Една што го поврзува на север со Пијанец и на југ со Струмичката Котлина, и друга што го поврзува на запад со Кочанската Котлина и на исток со долината на Струма. Првпат се спомнува во една повелба на византискиот цар Василиј Ⅱ во 1020 г. Во времето на османлиското владеење управно средиште на М. било Пехчево (тогаш Османија); а потоа оваа улога ја презема Берово. Во М. има 14 села и две градски населби

Берово и Пехчево. Од селата, 8 $ припаѓаат на општината Берово, а 6 на општината Пехчево. Населбите се од збиен тип и се населени со Македонци. Во с. Црник има Турци и Роми. Бројот на населението е во стагнација. Во 1961 г. овде живееле 20.048 ж., и во 2002

г.
скоро исто толку – 19.458 ж. Малешевци претежно се занимаваат со сточарство, овоштарство и со производство на компири.

ЛИТ.: Ј. Павлови¢, Малешево и Малешевци, Београд 1928; Малеш и Пијанец, Природни и социо-географски карактеристики, МАНУ, Скопје 1980. Ал. Ст.