МАЛА РЕКА

МАЛА РЕКА – лева и најголема притока на реката Радика. Се формира на височина од 966 м од водите на Јадовска и на Тресонечка Река. Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влива на височина од 606
м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122 м и просечен пад од 52,7 ‰. Сливот зафаќа
2
површина од 200,1 км . Средногодишниот проток изнесува 6,71
3
м /сец. Најголем средномесечен
3
протек од 17,1 м /сец се јавува во
3
мај, а најмал од 1,68 м /сец во
септември.
ЛИТ.: Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997. Др. В.

Злате
Малаковски

Напишете коментар