МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКО БРАТСТВО

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКО БРАТСТВО (Буенос Аирес, Аргентина, 1907–1908) – братство основано од Македонците доселеници во Буенос Аирес по Илинденското востание, активни учесници во Македонското национално ослободително движење и во Востанието, со цел да помага и да придонесува за успех на македонското ослободително дело во татковината. Член на Братството можел да биде секој што го симпатизирал македонското ослободително дело. Уставна обврска била една третина од средствата да му се испраќаат на Централниот комитет на Револуционерната организација во татковината, а на македонските политички затвореници да им се испраќа помош лично, директно во затворите. Според актите, Братството во Буенос Аирес имало улога на централно братство.
ЛИТ.: Михајло Миноски, Организирање и организации на македонското иселеништво во Аргентина (1906-1941), Зб. Иселеништвото од Македонија од појавата до денес, етничко организирање на иселени
ците, Скопје, 2004. М. Мин.