МАКЕДОНСКИ, Славе

МАКЕДОНСКИ, Славе (с. Железница, Малешевско, 24. Ⅱ 1931 – 2002) – поет, раскажувач, драмски автор, публицист, издавач на весници и списанија; истакнат и мош-

Димитрија Чуповски (1917)
не плоден писател од Пиринскиот дел на Македонија, којшто пишувал на бугарски и на својот роден осоговски дијалект, како и на руски јазик. Подолго време живеел во гратчето Елин-Пелин, Софиско. Извесен период учел и работел во Русија, па во Москва дипломирал на театарска режија. Јавно се декларирал како Македонец. Истапил од членството на Сојузот на бугарските писатели поради оневозможувањата што му се правеле во неговите промакедонски пројави. Голема популарност меѓу читателите во Пиринско стекнува со својата книга од прозни записи „штуро племе“, во која ги коментира актуелните состојби на Македонците. Го превел на бугарски јазик романот

Пиреј“ од Петре М. Андреевски и книга раскази од Раде Силјан, како и текстот од Ал. Донски


Орисија“ (1997). Го издавал в.


Македонец“ во Благоевград, ка

ко и други публикации. БИБЛ.: „Здраво, другари!“, поезија (1955);
„Куси раскази“ (1961); „Да го фотокопираме животот“, есеи (1964); „Поле на мажи“, роман (1967); „Да бидеме и утре“ (1969); „Разбуди се за пресуда“ (1969); „Тасо Македонецот“ (1995); „Македонска
голгота“ (1969); „Македонска библија“ (1994); „Македонски книжовник“, зборник (1995); „Прогонување со Татра“ и др. Г. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *