МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС (Женева, швајцарија, почетокот на 1899 – 1900) – конгрес на кој бил формиран Централен македонски комитет, по иницијатива на Ѓорѓи Капчев (од Охрид), со цел да ги обедини Македонците во швајцарија организирани во друштва, да подготви одржување Македонски општ конгрес и како постојано претставничко тело да го актуализира македонското прашање пред европските големи сили. ЦК објавил Апел (12. И 1899) до европската јавност, во кој бил претставен проект за уредувањето на Македонија. Конгресот закажан за 3. Ⅲ 1899 г. не се одржал. Во пролетта на 1900 г. во македонските друштва повторно било актуализирано одржувањето на Македонскиот конгрес, кој пак не бил одржан од повеќе причини. ЛИТ.: Михајло Миноски, Обид за организирање Македонски конгрес во швајцарија во 1900 година, „Гласник“ на ИНИ, 1, Скопје, 1987. М. Мин. МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *