МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА (1991– 2005) – културни друштва на Македонците и на Хрвати – пријатели на Македонија. Основани за негување на македонските национални традиции и за афирмирање на македонската култура. Биле основани 10 друштва и Заедница на Македонците во РХ: МКД

Илинден“ – Риека (1991); Друштво на Македонците и на пријателите на Македонија – Сплит (1991); Заедница на Македонците во РХ – Загреб (декември 1991), издавала (од 1993) свое двојазично гласило „Македонски глас“ (Загреб), на македонски и на хрватски јазик, Друштво „Обединети Македонци“ – Ровињ (1992), Хрватско-македонско друштво на пријателството – Загреб (1993), МКД


Браќа Миладиновци“ – Осиек (1994), МКД „Кочо Рацин“ – Пула

(24. Ⅵ 1995), МКД „Крсте Мисирков“ – Загреб (1996), МКД „Билјана“ – Задар (1999), МКД „Охридски бисер“ – Загреб (2005). МКД со својата дејност придонесувале и за развивање на културните врски и соработка меѓу РМ и РХ.
ЛИТ.: Огнен Бојаджиски, Македонци у Хрватској. Хронолошки аспекти, Загреб, 2007. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *