МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО АРГЕНТИНА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО АРГЕНТИНА (1906–1941). Македонските доселеници во Аргентина се самоорганизирале во свои организации. Потоа се активирало Македонско-одринското братство во Буенос Аирес (1907 и 1908) за организирање на иселениците за давање помош на ослободителната борба во Македонија. Постоело добротворно Македонско друштво „Гоце Делчев“ (1909). Иселеници Македонци членувале и во Бугарско-македонскиот емигрантски културнопросветен кружок. Во 20-тите г. на ⅩⅩ в. македонските иселеници се вклучиле во аргентинското работничко движење и во Комунистичката партија на Аргентина (од нејзиното формирање). Македонците во КПА биле организирани во одделна група, а Никола Казанџиев бил член на ЦК на КПА. Потоа започнало организирањето на Македонското прогресивно движење (1932). Македонските прогресивни групи биле основани во Буенос Аирес и во внатрешноста. Во Буенос Аирес бил печатен весникот „Македонски глас“ (1935–1939). Бил основан Македонски комитет за помош на антифашистичката ослободителна борба (јуни 1941).
ЛИТ.: Михајло Миноски, Организирање и организации на македонското иселеништво во Аргентина (1906–1941), зб. „Исе
леништвото од Македонија од појавата до денес“, етничко организирање на иселениците, Скопје, 2004. М. Мин.

Вокалната група „Пела“ со директорот на Агенцијата за иселеништво на РМ Васко Наумов и основачот на групата Љубен Димкароски (2008)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *