МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА – историска категорија што во две фази го обележува развојниот пат на македонскиот народ: а) етнокултурна и б) национално-политичка и социјално-економска фаза. Современиот македонски народ како општествено-економска и културно-политичка формација на Балканот го започнува своето обликување врз основа на историските традиции и античките митологии и државотворно почнува да се обликува со создавањето на славиниските државносни формации (Ⅵ–Ⅸ в.) и преку христијанизацијата и создавањето на словенската писменост и култура (Ⅸ и почетокот на Х в.) стигнува до црковно-државното обединување и осамостојување (Џ–Ⅺ в.) со сите востанички и византискобугарско-српски формации (Ⅺ– ⅩⅣ в.) с“ до кралството на Вол-кашин и Марко и настапот на многувековното османлиско рајатско етно-културно амалгамирање (ⅩⅣ – почетокот на ⅩⅩ в.). Во тој долготраен развоен процес доаѓа до постепено варирање и на именското маркирање на народот во Македонија: од етно-територијалното традицинално самоименување македонски и потоа словински/словенски, па с“ до државносните преименувања бугарски, ромејски и српски, по кое следи конгломератното словенобугарски и преку синонимното нашински и западноевропското ревалоризирање на историското име се стабилизира со враќањето на секогаш живото македонско самоименување. Македонската нација како современа етно-културна матрица се зараѓа главно во периодот по укинувањето на Охридската архиепископија (1767) и се манифестира од почетокот на ⅩⅠⅩ в. и како диференцирана етничка македонска национална свест помасовно се пројавува од 40-тите години на ⅩⅠⅩ в. и се хомогенизира од 70-тите, поминувајќи од црковно-просветната фаза до револуционерно-ослободителната организирана акција што се карактеризира со востанички изблици и паралелни начини и форми на културно-национални јавни манифестации на организирани асоцијации и институции. Пропагандите и војните го разбиваат единственото територијално и етно-културно тело на Македонците, но развиената свест наоѓа форми и начини во борбата за национална слобода и единствена држава. Кодификацијата на современиот македонски јазик и државносната идеја (1903) беа двата столба на националната идеја. Програмата и практичната активност на лозарското движење и особено на МНЛД и на Македонската колонија во Петроград го трасираа основниот правец на националната афирмација. Решението на Коминтерната (1934) само во извесна смисла го олесни патот до конечната афирмација. Самопојавените асоцојации, како Македонскиот литературен кружок во Софија или Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб претставуваа само демонстрација на внатрешниот развоен степен на македонската национална свест. Автохтоната Националноослободителна борба во рамките на Антифашистичката коалиција (1941–1944) го овозможи асномското формирање на македонската држава, макар и само на еден дел од етно-културната територија на Македонија. Со тоа заврши и процесот на развитокот и афирмацијата на Македонците како модерна европска нација и започна регуларниот тек на нејзината современа државно-политичка конституција. Беше создадена мрежа на образовно-воспитни институции на мајчиниот јазик, разгранет универзитет и научноистражувачки институти (за македонски јазик, национална историја, фолклор, етнографија итн,), Македонска академија на науките и уметностите, национални библиотеки, архиви, театри (драма, опера, балет), музеи, галерии, филхармонија, издавачки организации и приопштување на класичната и модерната светска наука, литература и култура со организирање меѓународни семинари во земјата и лекторати во странски универзитети за македонски јазик, литература и култура, се афирмираа меѓународни литературни и културни манифестации, како Струшките вечери на поезијата, Охридското лето, Балканскиот фестивал на народни песни и игри и сл. Таа културно-општествена база беше придружена и од забрзан економски и општествен развој на општините и на државата во целина, која стана рамноправна членка на ООН и на нејзините органи и тела и со тоа е постигната конечната афирмација на нацијата и на меѓународен план. Со сето тоа се создадоа услови и за хомогенизација на политичката нација во македонската држава, преку синхронизирање на легитимните интереси на македонската етничка нација со загарантирани сите права и националнополитички интереси на одделните етнички заедници за општиот напредок на државата, односно на македонската политичка нација и нејзиното вклучување во европската заедница на рамноправни европски нации. Бл. Р. Сп. „Македонски архивист“, орган на Сојузот на друштвата на архивистите во МакедонијаМАКЕДОНСКИ АРХИВИСТ“