МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО ПЕТРОГРАД

МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО ПЕТРОГРАД (1912 – 1917)
– неформална асоцијација на Македонците во руската престолнина што се конституира во моментот непосредно пред објавувањето на Првата балканска војна (1912), кога се почувствува опасноста за дележ на татковината од балканските соседи и неопходноста за легитимен легален колективен фактор за настап пред руската и свет-

Димитрија
Чуповски
во студентската
униформа
(9. Ⅲ 1904)
ската јавност и дејствуваше под тоа име до Октомвиската револуција (1917). Најистакнати претставници на МКП се Д. Чуповски,
Н. Димов и д-р Г. Константинович со нивните соборци А. Везенков,
Г. Г. Георгиев, Г. А. Георгов, инж.
Ј. Георгиев, К. Георгиев, Г. А. Стојанов, К. Стојанов, П. Божидарски, Д. Пешковски, Г. Н. Угриновски и др., на кои им се придружија и поголем број руски личности од јавниот, политичкиот и научно-културниот живот.
Бидејќи МНЛД го доби само покровителството на С.-Петербуршкото словенско благотворно друштво (1902–1905), а Градоначалството одби да ги регистрира Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913) и Руско-македонското благотворно друштво
Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914), македонските патриоти настапија како Македонска колонија и се претставија како речиси единствени ополномоштени заштитници на националниот ентитет и територијалниот интегритет на Македонија во периодот на Балканските и на Првата светска војна.

Претставниците на Македонската колонија во С.-Петербург: Д. Чуповски, д-р Г. Константинович и Н. Димов (1913)
Како продолжувач на Другарството, МКП се пројави најпрвин со настапот на разни словенски и други собранија и во рускиот печат. По започнувањето на Балканската војна најистакнатите дејци заминаа на Балканот: К. Мисирков во Јужна Македонија (Солун), д-р Г. Константинович во Цетиње, а Д. Чуповски преку Софија стигна во Скопје и во Велес и заедно со П. Попарсов, Р. Ризов, А. Мартулков и др. организира Општомакедонска конференција (1912) за судбината на Македонија и доби полномошно за МКП да го застапува македонскиот народ пред европската јав
ност. Бидејќи не се реализира заминувањето на Д. Чуповски и П. Попарсов пред меѓународните фактори во Париз и Лондон, а официјална Русија беше во улога на договорен арбитар, МКП ги искористи сите средства за да дејствува пред руската јавност. На 1 март 1913 г. беше објавен првиот официјален акт Меморандум на Македонците за независноста на Македонија упатен до министерот за надворешни работи на Велика Британија и до амбасадорите на големите сили во Лондон, со барање „Македонија во нејзините географски, етнографски, економски и историскокултурни граници да остане единствена, неделива, независна балканска држава“ и „да биде свикано Македонско народно собрание во Солун за подробна разработка на внатрешната изградба на државата и за определување на своите односи спрема соседните држави“. Истовремено Д. Чуповски ја објави првата карта на целокупна Македонија на македонски јазик, а беше потпишан и Вториот меморандум на Македонците до владите и општествената јавност на сојузните балкански држави (7. Ⅵ 1913). Истовремено излезе книшката на
Н. Д. Димов за минатото, современоста и иднината на Македонија (1913), а од 9 јуни почна да излегува и најзначајната македонска периодична публикција до Ослободувањето сп. „МакедонскиŸ голосÏ (Македонски глас)“,
кое во 11 броја на 220 страници (1913–1914) стана автентичен архив на борбата на македонскиот народ за зачувување на целоста и обезбедување на слободата на Македонија.
По започнувањето и во текот на Првата светска војна МКП објави повеќе меморандуми, апели и посебни изданија, а во јуни 1917 г. организира и посебен Македонски револуционерен комитет во Петроград на чело со Д. Чуповски што објави Програма за создавање Балканска Федеративна Демократска Република со Ма-

Првите меморандуми на Македонската колонија во С.-Петербург од 1 март и од 7 јуни 1913 г.
кедонија како рамноправен член. Октомвриската револуција и Версајскиот договор означија формален и привремен крај на јавната дејност на МКП. Потоа во новите историски околности МКП и МРК ја продолжуваат дејноста во Ленинград со изменет персонален состав и со сообразена програма во новите реалности сè до смртта на водачот Д. Чуповски (1940).
ЛИТ.: Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И-Ⅱ, 1978; истиот, Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 486–530. Бл. Р.

Плакат за претставата на „Македонска крвава свадба“ со ликот на В. Чернодрински (1900)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *