МАКЕДОНИЈА

Македонија – Географска тема

Македонија – Географска тема

Македонија, географска – планинско-котлинска територија на Балканскиот Полуостров. Го зафаќа средишниот дел на Полуостровот и широко излегува на Егејското Море и на Солунскиот Залив. На север е заградена со шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и со Рила, а на југ со реката Бистрица и со брегот на Егејското Море до утоката на реката Места. На запад границата води по билата на планините: Кораб, Дешат, Крчин, Јабланица, Грамос и Пинд, а на исток по реката Места и западните падини на планината Родопи. Во овие природни и етнички граници таа зафаќа површина од 68.451 км .Со Букурешкиот мировен договор (1913) оваа територија била поделена меѓу победничките сили во Балканските војни Србија, Грција и Бугарија. Најголем дел од територијата припаднала на Грција
34.411 км или 50,3%, помал дел на Србија 26.440 км или 38,6% и најмал дел на Бугарија 6.798 км или 9,9%, а одделни подрачја биле доделени и на Албанија, како Мала Преспа, Голо Брдо, дел од Гора и др., со површина од 802 км или 1,2%. Всушност, Вардарскиот дел на Македонија бил окупиран од Србија, Егејскиот дел од Грција и Пиринскиот дел од Бугарија.

Македонија има мошне поволна географска положба. Средишната сместеност на Балканскиот Полуостров овозможила да стане крстосница на важни патишта и магистрали. УШТЕ во римско време преку неа минувала познатата

 

попречна магистрала Виа Егнатија (Виа Егнатиа), која од Драч преку Елбасан, Охрид и Битола водела кон Солун и Цариград. Подоцна, главните меѓународни сообраќајници што ја поврзуваат Македонија со светот се изградени по долините на реките Вардар и Струма. Солун, пак, од секогаш бил и останал најважно пристаниште за целата македонска територија.
Македонија се карактеризира со мошне сложена релјефна структура. Во нејзиниот релјеф се сменуваат големи и високи планински масиви – шар Планина (2.747), Пирин Планина, Осогово (2.252), Јакупица (2.540), Баба (2.601), Бистра (2.163) и др. со пространи и затворени котлини (Пелагонија, Полог, Скопска Котлина, Овче Поле, Струмичка Котлина, Серска Котлина, Благоевградска Котлина и др.). За рамните дна на котлините се карактеристични алувијалните почви и смолниците, по нивните рабови дилувијалното земјиште, а на планините кафеавите почви. Кристалестите шкрилци, магматските и метаморфните карпи, од кои во најголем дел е изграден релјефот на Македонија, се носители на повеќе важни минерали, како оловно-цинковата руда во осоговскиот масив, железната руда на Бистра, бакарната руда кај Радовиш, хромната руда во љуботенскиот масив и на Халкидик и др. Во Македонија, која на југ со долг брег излегува на Егејското Море, се јавува медитеранската клима, а од север преку Вардарско-моравската долина е изложена на континенталната клима. На високите планини, пак, владее планинската клима.
Хидрографската мрежа во Македонија ја сочинуваат реките: Вардар, Струма, Места, Бистрица и Црни Дрим со своите притоки, како и езерата – Охридско, Преспанско, Дојранско, Костурско, Лагадинско, Бешичко и др. Вегетацијата во Приморска Македонија е медитеранска со карактеристичните шуми – макии, а од културните растенија – со лозата и маслинката. Понасевер од медитеранската растителна област се листопадните дабови и букови шуми, кои се наредени катовски, а над нив се високопланинските пасишта. Животинскиот свет е составен од медитеранска и средноевропска фауна.
ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија,
ПМФ, Скопје, 2002. Ал. Ст.

Македонија – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот.

Македонија – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот.

Името Македонија го наследила од името на истоимената античка држава на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Првобитно тоа име се однесувало на мала провинција во Солунското Поле, западно од Вардар. На тој терен е формирана македонската држава со престолнина во Пела. Историчарот Херодот (Ⅴ в. пр.н.е.) наведува дека со Македонија се означува територијата меѓу реките Вардар и Бистрица. Подоцна, како што се ширело македонското кралство, така се ширело и името Македонија, апсорбирајќи ги и периферните области во своето единствено име. Така, под името Македонија, уште во стариот век се подразбирал главно просторот меѓу планините Пинд и Олимп на југ, шар Планина на север, реката Места на исток и албанските планински вериги на запад.
За потеклото на името Македонија има повеќе мислења. Едни сметаат дека името го добила по својот прв митски крал Македон. Тоа мислење го застапува и географот Страбон. Според други, името Македонија произлегува од старомакедонските зборови макос – „голем, висок, планински“, и дон – „земја“, што во буквален превод би значело „голема, висока, планинска земја“. Со ова име Македонија се означува низ целата нејзина историја.

Македонија – византиска тема

Македонија – византиска тема

формирана поради опасноста од Бугарите во времето на царицата Ирина, најдоцна од 802 г., кога првпат се спомнува во изворите. Ја опфаќала Северозападна Тракија со центар Адријанопол. Името го добила по населението што се преселило таму од географска Македонија по словенските напади. Оттаму потекнува и основачот на македонската царска династија Василиј Ⅰ. Значително намалена, уништена е од Османлиите во втората половина на ⅩⅣ в.
ЛИТ.: Constantino Porfirogenito, De thematibus.Introduzione, testo critico, commento a curadi A. Petrusi, Citta del Vaticano,, 1952; П. Коледаров, Образуване на тема „Македония“ в Тракия, „Известия на Института за история“, ⅩⅩⅠ, София, 1970, 219-240. Б. Петр.

Античка Македонија

Според географско-етничките и историските карактеристики, АМ го опфаќала североисточниот дел на Балканскиот Полуостров. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шу-ми и езера и со рудни богатства. Етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ е: планината Олимп, ре-Стела на македонски војник, ката Пенеј Исар Марвинци (Ⅱ в. пр.н.е.) (Пенеиос, Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движи до планината Пинд (Пиндос); западната граница продолжува по планините од шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат) сè до планината Скард (ден. шар Планина); северната граница се спушта по падините на планината Јакупица, поминува помеѓу денешните градови Скопје и Велес и по реката Пчиња излегува на Осоговските Планини, сè до планината Рила; на исток граничната линија започнува од Пирин Планина до утоката на реката Нестос (ден. Места) во Егејското Море. Античките автори Приморска Македонија ја нарекуваат – Долна Македонија, а внатрешниот планински дел – Горна Маке-Македонски штит, с. Бонче донија. Долна Македонија го опфаќа централниот дел на Македонија и се простира меѓу реките Халиакмон (Бистрица), Аксиј (Вардар) и долните текови на Стримон (Струма) и Нестос (Места), со областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида и Еордаја. Горна Македонија ги опфаќа областите: Тимфаја, Параваја, Елимеја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика. Од владеењето на првата македонска династија Аргеади (Аргеас е епонимниот херој на Македон) во Ⅷ в. пр.н.е. започнува ширењето на државната територија, која ги обединува сите етноси (палеобалкански популации со индо-Карта на Античка Македонија до смртта на Филип Ⅱ (336 г. пр.н.е.) европско потекло) што живееле на територијата на Античка МаМакедонија во времето на Александар Ⅲ Македонски кедонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордајци, Едони и др. помали етноси. За Македонија карактеристични се: македонската басилеја, монархиското уредување со наследен владетел и државни институции што владеат според „македонски закони“, македонски обичаи, обреди, со македонски божества, митови, култови и посебен македонски јазик. Имињата на македонските кралеви од династијата Аргеади се: Пердика И, Аргај, Филип, Аероп И, Алкета, Аминта И, Александар И, Пердика Ⅱ, Архелај И, Орест, Аероп Ⅱ, Аминта Ⅱ, Паусаниј, Аминта Ⅲ, Александар Ⅱ, Птолемај Алорски, Пердика Ⅲ, Филип Ⅱ, Александар Ⅲ, Филип Ⅲ, Александар Ⅳ. Првата кралска престолнина била Ајга (Вергина), втората престолнина е Пела, која со големите градежни зафати во времето на Филип Ⅱ (359–336) станува метропола на Балканот. Македонската држава постигнува најголем политички, воен и економски подем во времето на Филип Ⅱ, а екуменско значење (според својата големина и моќ) во времето на Александар Ⅲ Македонски (336–332). По неговата смрт сè до римските освојувања (334–168 г. пр. н.е.) Македонија ја владеат дијадосите и епигоните: Антипатар, Касандар, Филип Ⅳ, Александар В (т. н. Антипатриди), Деметриј И, Пир, Лизимах, Птолемај; по 277 г. пр.н.е. следи последната македонска династија Антигониди: Антигон И Гонат, Деметриј Ⅱ, Антигон Досон, Филип Ⅴ и Персеј. По паѓањето под римска власт (146 г. пр.н.е.) Македонија станува римска провинција. Македонците како дел од Римската Империја создаваат ново општество: римските провинции ги управуваат римски управници; новите градови добиваат римски војнички карактер (Скупи), а животот на населението се формира според римскиот правен систем; се трасираат нови комуникации, се менува етнографијата, се романизира автохтоното население; со присуството на римските војски, но и со честите навлегувања на нови народи (Готи, Хуни, Авари и Словени) се менува етничкиот состав. Словенскиот етнос како најдоминантен навлегува во етногенезата на Македонците, ги наметнува словенскиот јазик и културата, а христијанството што се проповеда уште од самиот почеток (во И в. н.е. Апостол Павле во Македонија има христијанска мисија), во Ⅳ в. пр. н.е. станува главен белег на Македонците, препознатлив преку многубројните христијански базилики. ЛИТ: Херодотус, 4 Волс., Харвард Универитѕ Пресс, 1960; Тхоуцѕдидес, 4 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Јустин, Филиповата историја, прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; Аријан, Александровата анабаса, прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; Скопје, 1998; Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд, 1989; Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ, И, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу, Историја на Хеленистичкиот период, Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата на Македонија и Македонците, Скопје, 2003; А. шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атинските ретори, Скопје, 2003. А. шук.

МАКЕДОНИЈА ВТОРА (MACEDONIA SECUNDA) –

МАКЕДОНИЈА ВТОРА (МАЦЕДОНИА СЕЦУНДА) – доцноантичка провинција. Северниот дел на Провинцијата Македонија во доцниот Ⅳ в. бил изделен во помала провинција Македонија Салутарис (Мацедониа Салутарис), која подоцна ќе се преименува во Мада). Таа се протегала главно на територијата на некогашните раноантички кралства Пајонија и Пелагонија, областа Девриоп, што значи во Средно Повардарје, средниот и долниот тек на р. Брегалница и средниот и северниот дел на висорамнината Пелагонија, заедно со Демир Хисар. Во науката сè уште е дискутабилно дали провинцијата се протегала во регионот на Кичево и во Полошкиот регион. Покрај главниот град Стоби, поважни градски центри биле Арг под Клепа, Пелагонија (Крушевица, Прилепско), Астрајон (Пилав Тепе, с. ©опур), Баргала (Горни Козјак) и Запара (Крупиште), Келенидин (Виница), Армонија (Калата, кај Македонска Каменица). Првпат е спомната во 482 г. (формирана во 479– 482); го опфаќала северниот дел на Македонија со центар во Стоби. Последен пат се споменува во Ⅺ Јустинијанова новела (535), не и во ЦЏЏЏИ (545), што значи била укината меѓу 535–545 г.
ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 207-210, 218-219, 335-350; З. Костиђ,
Осврт на административне поделе Македоније крајем антике, ЗРВИ, ЏЏЏВ, Београд, 1996. Б. Петр., В. Л.

Македонија – римска провинција.

Основана во 148 г. пр.н.е., откако Римските провинции на Балканот со главните патишта Населувањето на Словените на Балканот и во Македонија римскиот легат Квинт Каекилиј Метел во битката кај Пидна го задушил Првото македонско востание под водство на Филип Ⅵ Андриск. Од 27 г. пр. н.е. под сенаторска управа, во периодот од 15 до 44 г.н.е. е под управа на царскиот легат, а потоа повторно под сенаторска управа. Го зазема најголемиот дел од јужниот Балкански Полуостров, териториите на Кралството Македонија по текот на реките Халиакмон (Бистрица), Аксиј (Вардар) и средниот и долниот тек на р. Стримон (Струма). На овие територии биле придодадени и териториите на Илирија (денешна Средна Албанија), Северен Епир (денес Јужна Албанија, Северозападна Грција). На југ се граничела со провинциите Ахаја и Епир (по 106 г. н.е.), на исток со Тракија, а на север со провинциите Далматија и Горна Мезија. Главен град на провинцијата бил Тесалоника (Солун), а други позначајни градови биле: Епидамнос (Дирахион) и Аполонија – на илирскиот брег; Лихнид, Хераклеја и Стоби – во Горна Македонија; Лариса, Дион и Пела – во Долна Македонија и Тесалоника, Потидаја, Амфипол, Филипи, Неапол и Тасос на Халкидик – на трако-македонскиот брег. Економска база за животот биле плодните полиња, како и богатите природни суровини, пред сè дрвото (кое се применувало во градежништвото) и рудите. Негативна страна била транзитната местоположба во центарот на Балканот, преку која придобивките од источните цивилизации се трансферирале при изградбата на западните цивилизации. ЛИТ.: Ј. Сасел, Мацедониа, Табула Империи Романи, К34, Лјублјана, 1976, 82-83; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. В. Л.

 

Македонија во средниот век

Во средината на И в. започнало да се шири христијанството. Апостолот Павле основал христијански општини во Филипи, Тесалоника и Верија. Во Ⅵ и поч. на Ⅶ в. се населиле словенските племиња (Верзити, Другувити, Сагудати, Ринхини, Вајунити, Стримонци и др.), кои се измешале со староседелците и од нив ги прифатиле цивилизациските постигања во селското стопанство, занаетчиството, градежништвото и др. Промени настанале во топонимијата: најголем дел од населбите, реките, планините добиле словен-ски имиња (Бистра, Прилеп, Извор и др.), еден дел од имињата Словените ги прилагодиле на својот јазик (Верија – Бер, СтримонСтрума, СкупиСкопје и др.), а дел од имињата ги прифатиле од 

 

 

 

Македонија како дел од картата на Европа (1766) 

староседелците (Опила, Опае, Опеница, Таор, Бадер, Теово, Пелистер, Пелагонија, Вапила, Сирула, Галик, Галичица и др.). Областите населени од словенските племиња за Византијците претставувале независни кнежества нарекувани Склавинии, на чело со племенски водачи. Византија потчинила дел од Склавиниите (Ⅶ и Ⅷ в.). 

Склавиниите во внатрешноста биле потчинети од Бугарите (по сред. на Ⅸ в.). Во времето на бугарското владеење во Македонија се појавило богомилството – религиозно и социјално движење против црквата и државата. Солунските браќа св. Кирил и Методиј ја создале словенската азбука (сред. на Ⅸ в.) и почнала да се развива раната словенска писменост и култура во Македонија. Со Климент и Наум, преку Охридската книжевна школа, се разви

 

Беласичката битка (минијатура според Скилица, Ⅺ в.) 

 

ла македонската средновековна 

 

 

просвета и книжевност. Во Ⅱ пол. на Ⅹ в. во Македонија било основано Самуиловото Царство (969–1018) – најголемата ранофеудална држава на Балканот. Царот Самуил (969–1014) ја обединил цела Македонија (освен Солун) и потчинил голем дел од соседните балкански земји. По поразот во Беласичката битка и по смртта на царот Самуил (1014) македонската држава заслабнала. Наследниците Гаврил Радомир (1014-1015) и Јован Владислав (1015–1018) не успеале да ги зап-рат византиските напади, па по смртта на Јован Владислав (1018) Македонија била завладеана од Византија

За ослободување од византиската власт во Ⅺ в. биле кренати востанијата на Петар Делјан (1040–1041) и Ѓорѓи Војтех (1072–1073), кои, по почетните успеси, биле задушени. 

Во 80-тите години на ⅩⅠⅠ в. благородникот Добромир Хрс ја отфрлил византиската власт и формирал независна државичка со центар во Просек, која се одржала до почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. (1202). Во првата половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. за превласт во Македонија војувале соседните балкански држави: Скопје, Охрид и Бер паднале под бугарска власт (1203), со центар во Солун било формирано Солунското Латинско Кралство (1204–1224). Во Просек се осамостоил благородникот Стрез (1207–1214), а во Струмската област (со центарот Мелник) се осамостоил благородникот Слав (1207 – ок. 1230). Во Македонија владееле: епирскиот цар Теодор И Ангел (1224–1246), Бугарите (од 1230), Никејците (1246–1259) и одново Византија (1261). Пред крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. српската држава го завладеала северниот дел: Скопје, Горен и Долен Полог, Овче Поле, Злетово и Пијанец (1282), како и Дебар, Кичево и Поречката област (1284). Кралот Стефан Душан за десетина години (1334– 1345) ја освоил цела Македонија, освен Солун. По неговата смрт (1355), кога српската држава започнала да се распаѓа, во Македонија биле формирани неколку независни владенија. 

На териториите од Костур до Призрен и од р. Вардар до албанските планини се осамостоил Вол-кашин, кој бил крунисан за крал и совладетел на царот Урош (1365). Деспотот Углеша се осамостоил во Серската област (1365), под негова власт се наоѓале териториите до Струмица и Мелник, со Света Гора. До крајот на 60-тите години на ⅩⅣ в. тие воспоставиле хегемонија во Македонија. По нивното загинување во Маричката битка против Османлиите (1371), во Македонија се издигнале синот на Волкашина кралот Марко и браќата Константин и Јован Драгаш. 

Државата на кралот Марко, позната и како Прилепско Кралство, кон крајот на 70-тите години на ⅩⅣ в. се протегала на исток до областа Раец, на север до Скопје, на запад ги зафаќала Преспа, Демир Хисар, Порече, Кичевската област и Дебар, а на југ до меѓите на Пелагонија. Прилепското Кралство ја задржало својата самостојност до освојувањето на Прилеп и Битола од Османлиите (1385), кога Марко ја признал врховната власт на султанот. 

Браќата Јован и Константин Драгаш се осамостоиле на териториите помеѓу реките Струма и Вардар, со престолнина во ќустендил. По смртта на Јован (ок. 1380), Константин ја признал врховната власт на султанот. Во почетокот на 80-тите години на ⅩⅣв. започнало османлиското освојување на Македонија; источниот дел со градот Сер (1383), централниот со Штип, Велес, Прилеп и Битола (1385) и Скопје (1392). По загинувањето на кралот Марко и Константин Драгаш во битката кај Ровине (1395) Македонија паднала под директна османлиска власт, освен Солун, којшто бил освоен подоцна (1430). К. Аџ. 

 
Македонија во времето на османлиското владеење.

Во периодот меѓу Маричката битка (1371) и битката на Ровине (1395) Македонија целосно потпаднала под османлиската власт. Во новото политичко уредување христијаните станале граѓани од втор ред и не ги уживале истите права како и муслиманите. Основа на новото уредување бил т.н. тимарско-спахиски систем што се состоел од доделување феудални земјишни лена (тимари, зеамети и хасови) во замена за исполнувањето на воените обврски. Во почетокот имало и христијани-тимариоти, кои постепено исчезнале. Земјата ја обработувало феудално зависното население
– христијани и муслимани, познати под името раја, кое од ⅩⅤⅠⅠ в. ги оз-начувало главно христијаните. Тие биле должни да им даваат даноци и на феудалниот господар и

Османлиските освојувања на балканските земји
Српската држава од 1170&1350 година

Сцени од секојдневниот живот & фрески во црквата „Св. Атанасиј Александриски“ во с. Журче, Демирхисарско (1622)
на државата и не можеле слободно да располагаат со својата земја. Стопанството имало натурален карактер и селанецот ги задоволувал своите потреби занимавајќи се со земјоделство и со сточарство.
Градовите, по краткотрајниот застој, доживеале експанзија со брз развој на занаетчиството и трговијата во нив. Промени настанале и во демографската структура на населението. Преку колонизација во Македонија биле населени турски номадски сточари, пред сè Јуруци, од Мала Азија. Во ⅩⅤⅠ в. биле создадени Солунскиот и Овчеполскиот јуручки санџак, а нивниот број достигнал околу 140.000 лица. По протерувањето од Шпанија (1492) и од Португалија (1497) се доселило во Македонија и бројно еврејско население. Демографските промени биле предизвикани и од процесот на исламизацијата. Таа започнала во ⅩⅤ в., а најсилниот бран се случил во втората половина на ⅩⅤⅠ в., кога процентот на исламизираните христијани по градовите изнесувал 25% од градската популација, додека во селата само 3%. Исламизацијата продолжила и во наредните векови, засилувајќи се особено во воените години.
Православната Охридска архиепископија, и покрај големите загуби што ги претрпела, продолжила да функционира и по освојувањето. Сè до нејзиното укинување во 1767 г. таа била носител на народната култура и духовен заштитник на христијаните.
Промените во земјишните односи и воведувањето на чифлигарскиот систем го засилило ајдутското движење и предизвикало реакција на христијанското население. УШТЕ во 1564/65 г. во Мариово и во Прилеп биле кренати првите буни, а во есента 1689 г. избувнало Карпошовото востание. Задушувањето на востанието и стравот од репресалии предизвикале иселување на христијанското население од Северна Македонија. На нивно место биле населени доселеници од Албанија, со што започнало менувањето на етничкиот состав на населението во овој дел на Македонија.

Слабата централна власт и анархијата во Империјата овозможиле во втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. во поголемиот дел од Македонија локалната власт да ја приграбат моќни бегови (претежно од албанско потекло), кои дејствувале независно од централната власт. Положбата на рајата станувала сè потешка и поради дејствувањето на крџалиите, воени дезертери, што здружени во големи банди ги напаѓале селата и градовите.
Реформите воведени во Империјата по 1839 г. значеле постепено подобрување на состојбата на немуслиманите, кои, формално, станале рамноправни со муслиманите. Во Македонија дошло до зголемување на стопанскиот развој, била изградена железница, се воспоставиле телеграфски и телефонски линии, а трговијата, посебно меѓународната, доживеала експанзија. Христијаните биле поприсутни во стопанството и во трговијата, учествувајќи и во локалната градска власт. Била спроведена и територијална реформа, со која биле формирани трите вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот.
Иако по Руско-турската војна (1877–1878) дошло до повторно влошување на економската и политичката ситуација, веќе бил
создаден богат христијански гра-
Карта на Македонија (1770)

Зоран Ризовски: Димитар Попгеоргиев-Беровски
ѓански слој и интелектуална елита, кои почнале да ги артикулираат своите политички и национални интереси, со што започнало националното движење на македонскиот народ за ослободување.
ЛИТ: Историја на македонскиот народ, Ⅱ. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век), редактор д-р Александар Стојановски, Скопје, 1998; Александар Матковски, Отпорот во Македонија, И-Ⅳ, Скопје, 1983; Александар Стојановски, Градовите во Македонија од крајот на ⅩⅣ до ⅩⅤⅠⅠ век. Демографски истражувања, Скопје, 1981; истиот, Македонија во турското средновековие (од крајот на ⅩⅣ – почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век), Скопје, 1989; истиот, Македонија под турската власт. Ста
тии и други прилози, Скопје, 2006. Др. Ѓ.

Македонија во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.

 

Со преродбенското движење, просветнокултурните и црковните борби по средината на ⅩⅠⅩ в. било апсолвирано прашањето на сопствената национална идентификација на македонскиот народ. Во 60-тите и 70-тите години започнал процесот на револуционерното организирање со појавување и дејствување на заговорнички револуционерни кружоци, понекаде нарекувани комитети. Солунскиот Таен македонски револуционерен комитет, основан од Димитар Поп-георгиев-Беровски (1874), го организирал и го извел Разловечкото востание, кое започнало во Малешевско (8–20. Ⅴ 1876). Востаниците, предводени од Беровски, го ослободиле с. Разловци, каде што била воспоставена месна македонска власт. Оттаму востаниците продолжиле кон другите населени места во Малешевско и Пијанечко. Ограничени акции имало и во Кочанско, Штипско и Радовишко. Пред да добие пошироки размери, востанието било задушено. Разловечкото востание било автохтоно, автономно организирано и водено без надворешни влијанија и без мешање на надворешни фактори, со јасно поставена цел: ослободување и создавање самостојна македонска држава. Тоа е посведочено со востаничкото знаме како симбол на македонската државност, како и во народните песни.
На Цариградската конференција (23. ⅩⅠⅠ 1876 – 20. И 1877) македонското прашање не добило посебен третман, иако имало предлог Европска Турција да се подели на две самостојни единици: Македонија (со престолнина во Софија) и Бугарија (со престолнина во Трново). Во прелиминарниот Санстефански мировен договор помеѓу Русија и Османлиската Империја (19. Ⅱ /3. Ⅲ 1878) руската дипломатија наметнала создавање голема бугарска автономна држава со присоединување на најголемиот дел од Македонија. На Берлинскиот конгрес (1/13. Ⅵ – 1/13. Ⅶ 1878) тој договор бил анулиран и било решено Македонија да остане во составот на османлиската држава, која била обврзана (со чл. 23 од Берлинскиот договор) на управна децентрализација и давање автономен статус за Македонија (под името Румелија) врз основа на органски статут како оној за островот Крит (1868).

Кресненската Клисура
Кресненското востание (1878–1879), под водство пак на Димитар Поп-георгиев-Беровски, било организирано и водено според националноослободителна и државотворна програма. Во востанието зеле учество востаници и доброволци од 32 околии, 163 населени места во Македонија. Била создавана македонска востаничка војска со штаб раководен од штабен на-

Картографски проект за Балканот на Цариградската конференција (1876/77) Промените на Балканот по Берлинскиот конгрес Дамјан Груев Борис Сарафов Анастас Лозанчев Здружените чети на Пандо Кљашев и Васил Чакаларов (1903)

чалник. На ослободената територија била воспоставена самобитна македонска револуционерна воено-востаничка власт, изградена врз основа на обичајното право. Востаничкото раководство се определило за независни надворешни односи, во прв ред со соседните држави.
По задушувањето на Кресненското востание македонското ослободително движење се изразило со востаничкото раздвижување во Североисточна Македонија (во Кумановско-Кратовско-Кривопаланечко), со дејствување на чети (1879–1881) во централниот, југоисточниот (Серес, Драма) и југозападнот дел (Островско, Костурско и Леринско) и со акциите на Македонската лига за ослободување на Македонија (1879–1880), Националното собрание и Привремената влада на Македонија (1880–1881). Привремената влада објавила Манифест со повик за продолжување на ослободителната борба за создавање самостојна држава или автономна државност во рамките на османлиската држава, а создала и Устав на македонската држава (1880). Двете политички претставништва настапиле со легитимни барања за примена на чл. 23 од Берлинскиот договор за Македонија.
Македонската револуционерна организација (МРО), основана во Солун (23. Џ / 4. Ⅺ 1893), подоцна под оперативно раководство на Гоце Делчев – идеологот и стратег на македонската ослободителна борба, го подготвила новото оружено ослободително и државотворно македонско востание во почетокот на ⅩⅩ в. Загинувањето на Делчев (4. Ⅴ 1903) го забрзало кревањето на востанието, кое започнало на Илинден, 2. Ⅷ 1903 г. Востанието го раководел Главниот штаб (Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев) преку реонските горски штабови. Најсилно било во Битолскиот револуционерен округ. Со офанзивни дејства биле ослободени и поголеми населени места (Крушево, Клисура и Невеска). На ослободената територија била создадена македонска револуционерна власт. Во другите револуционерни окрузи дејствувале вооружени чети со напади на стратегиски објекти и на помали единици на османлиската војска. Во услови на непријателско окружување од соседните балкански држави и со силна поддршка на Владата на османлиската држава од европските Големи сили за брзо задушување на востанието, по неколкумесечни исцрпувачки жестоки борби со огромната модерно вооружена османлиска ре
довна војска и башибозук, Главниот востанички штаб наредил запирање на востаничките дејства со цел да се поштеди народот и да се зачуваат силите и кадрите за про-должување на борбата за ослободување и создавање македонска држава во поповолни внатрешни услови и меѓународна констелација. Европските големи сили биле присилени да интервенираат. Се зафатиле за спроведување реформи (1903–1908), врз основа на т.н. Мирцштегска програма, не за разрешување на македонското прашање, туку за осовременување на османлискиот режим за смирување на Македонија. Балканските држави Бугарија, Грција и Србија започнале отворена агресија врз Македонија со уфрлување вооружени чети за да подготвуваат терен за нејзина окупација и поделба. Србија и Бугарија потпишале Договор за сојуз (Белград, 30. Ⅲ / 11. Ⅳ 1904), со кој ја усогласиле својата политика спрема Македонија. Во април 1905 Грција $ предложила на Бугарија спогодување за поделба на Македонија. По Ревалската средба на суверените на Русија и Англија и навестената автономија на Македонија и поради тоа појавата на Младотурската револуција (1908) било одложено спогодувањето на трите балкански држави. На 29. Ⅱ / 13. Ⅲ 1912 г. Бугарија и Србија склучиле договор за сојуз, со таен додаток за поделба на Македонија. Потоа и Бугарија и Грција склучиле договор
(16. / 29. Ⅴ 1912), со што бил создаден троен, а со пристапувањето и на Црна Гора, четворен балкански сојуз за војна против Отоманското Царство за освојување на неговите владенија на Балканот и за поделба на Македонија.

Македонија од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)

Првата Балканска војна почнала на 18 окт., а на 4. ⅩⅠⅠ 1912 г. било потпишано примирјето. Македонците се бореле во составот на војските на трите балкански држави. Одредот на Јане Сандански и вооружените чети во заднината на отоманската војска самостојно ослободиле повеќе населени места и организирале своја власт до пристигнувањето на сојузничките армиски единици. Се бореле за ослободување и за самостојна држава Македонија, јавно декларирано од Сандански по влегувањето со неговиот одред во Солун, заедно со единиците на бугарската и на грчката војска. Но Македонија била веќе окупирана од армиите на Грција, Србија и Бугарија.
Започнала акција (предводена од Димитрија Чуповски, Петар Попарсов и др.) за организиран отпор и за испраќање македонска делегација во Париз и во Лондон за да бара од претставниците на Европа на Мировната конференција признавање на придонесот на македонскиот народ како воју-

Првите Меморандуми од ополномоштената Македонска колонија во С.-Петербург
(1. Ⅲ 1913 и од 7. Ⅵ 1913)
вачка страна и сојузник во војната, за создавање самостојна држава. Окупаторските сили го задушиле отпорот во Македонија. Македонската колонија во Русија (ополномоштена од Општомакедонската конференција во Велес) побарала од Мировната конференција (Меморандум, 1. Ⅲ 1913) да се одржи Конститутивно соб-

Македонија по Букурешкиот договор (1913)
Солун. Истото барање било упатено и до владите и јавното мислење во балканските држави-окупаторки (Меморандум, 7. Ⅵ 1913). Меѓутоа, со Букурешкиот договор (10. Ⅷ 1913) Македонија би-ла поделена. Грција го добила Егејскиот, Србија Вардарскиот дел, а на Бугарија $ бил оставен Пиринскиот дел на Македонија. Подоцна и новата држава Албанија добила мал дел. Така поделен, македонскиот народ бил под-ложен на насилна денационализација и асимилација.
По започнувањето на Првата светска војна Македонската колонија во Русија побарала од антантините сили (авг. 1914 и јуни 1915) автономна и обединета држава Македонија. Водечките држави од двата противнички воени сојузи на Македонија гледале како на средство за придобивање на Бугарија. Во октомври 1915 г. Бугарија влегла во војната против Србија и по окупацијата во Вардарскиот дел на Македонија воспоставила своја власт. Воените дејства на силите (1.200.000 војници) од двата непријателски сојуза во Македонија оставиле катастрофално разорни последици.
Со војната одново било актуализирано и македонското прашање. Пред крајот на 1916 и во почетокот на 1917 г. Германската команда предложила проект за создавање автономна македонска држава. Проектот бил отфрлен од Александар Протогеров и Тодор Александров, со изјава на првиот дека Македонија била бугарски неделив дел од „обединета Бугарија“. И Велика Британија и Франција (по превратот во Русија) го реактивирале прашањето за Македонија. За придобивање на Бугарија

рание за создавање независна др-
Обездомени Македонки во војните (1913)
жава Македонија, со центар во

Македонскиот фронт (1915-1918)
за сепаратен мир предвидувале да $ го отстапат Вардарскиот дел на Македонија до р. Вардар, алтернативно Македонија да се организира како автономна држава под протекторат на една од големите сили или прашањето да се решава во рамките на проектираната држава на југословенските народи. Грција и Србија жестоко се спротиставиле на проблематизирањето на нивните предвоени граници во Македонија и настапиле со но-ви територијални барања.
Се активирале и македонските национални организации и друштва во странство. Македонскиот

Почетокот на публикуваната Програма на МРК во Петроград („Воля Народа“, 18. Ⅵ 1917)
револуционерен комитет во Петроград на чело со Д. Чуповски (1917) повикал за создавање „Балканска Федеративна Демократска Република“ со обединета Македонија како одделна рамноправна република. И македонските друштва во швајцарија барале обединување на Македонија во самостојна македонска држава со центар во Солун.
На крајот на војната Егејскиот дел на Македонија бил реокупиран од Грција, а Вардарскиот од Србија. Пред и во времето на Версајската мировна конференција Привременото претставништво на поранешната Револуционерна организација, Генералниот совет на македонските друштва во швајцарија, Македонците во Цариград и др. барале ослободување на Македонија и создавање самостојна држава за траен мир на Балканот, но Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија од Мировната конференција побарал цела Македонија да се присоедини кон Бугарија.
Македонското прашање на Мировната конференција било разгледувано само во Комитетот за нови држави (јули 1919), сепаратно за делот од Македонија во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Италијанската делегација се застапила за давање автономија, но се спротиставила француската делегација. Мировната конференција усвоила четворна поделба на Македонија помеѓу Грција, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Бугарија и Албанија. На Грција $ бил потврден Егејскиот дел на Македонија, на Бугарија Пиринскиот дел (без Струмичко, сега доделено на Србија), на Кралството СХС Вардарскиот (проширен со Струмичко), а на новата албанска држава $ било доделено територијално проширување во Македонија по должината на целата гранична линија од областа Гора на север до Горичко (Корчанско) на југ (како компензација за Косово).
Грција издејствувала одредба во Мировниот договор за размена на малцинствата со Бугарија. По потпишувањето на Конвенцијата
(17. Ⅺ 1919) таа спровела иселување на македонското православно и исламизирано население и колонизирање на Егејскиот дел на Македонија со грчко. Во Вардарскиот дел на Македонија се спроведувала српска колонизација. Економски упропастен и поделен, македонскиот народ бил под-ложен на систематска денационализација и асимилација, спроведувана од владејачките режими преку репресивниот државен апарат, институциите и терористичките здруженија и организации.
Внатрешните поделби и идејнополитичките конфронтации се засилиле. Привременото претставништво во Софија, како репрезент на поранешното македонско ослободително движење, се распаднало. Македонските комунисти формирале Емигрантски комунистички сојуз (1920) во рамките на БКП(т.с.). Македонските федералисти основале Македонска емигрантска федеративна организација (1921), а поранешните учесници во македонското револуционерно ослободително движење ја основале Илинденската организација (1920). Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев пак ја обновиле дејноста на предвоената ВМОРО под име ВМРО (1920) во Пиринскиот дел на Македонија, со сестрана поддршка од бугарските монархистички и од високите воени кругови за обезбедување легалитет за ревизионистичко-реваншистичката политика. ВМРО зела активно учество во соборувањето на владата на Александар Стамболиски и се пресметувала со политичките опоненти од македонските полититички организации. Во 1924, со застапување на Димитар Влахов и со посредство на КИ, бил постигнат договор за обединување на македонските политички организации, потврдено со Мајскиот манифест. На 1 ав-густ водачите на ВМРО Александров и Протогеров ретерирале. Нивното меѓусебно соперништво довело до внатрешни судири и меѓусебни ликвидации. По убиства

Уставот на ВМРО(Обединета) (1925)
та во времето на Септемвриското востание и по убиството на Тодор Александров (31. Ⅷ 1924), следеле многубројни убиства на истакнати македонски револуционери и комунисти.
Интелектуална Европа била згрозена. Познати писатели и влијателни општественици барале запирање на политичките убиства. ВМРО под водство на Иван Михајлов продолжила да дејствува за каузата на бугарската државна политика. Финансирана од бугарската држава, од Италија и со средствата што присилно ги собирала од македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија (преку инсталираниот паралелен апарат), под декларираната девиза борба за автономија на Македонија, уфрлувала во Вардарскиот дел на Македонија (инцидентно и во Егејскиот дел) вооружени чети што извршувале диверзии и атентати.
На надворешно-политички план ВМРО со петиции до Друштвото на народите и до другите меѓународни организации барала малцински права за бугарското население во Македонија под власта на Југославија и на Грција. Во 1935 г., кога ВМРО станала пречка за Бугарија во односите со Југославија, била забранета и експресно ликвидирана.
Македонските револуционерни сили се обединиле во 1925 г. во ВМРО(Об) организирана да прерасне во масовно револуционерно национално движење на целата територија на Македонија за обединување и ослободување на македонскиот народ во самостојна држава во една Балканска Федерација. Во Вардарскиот дел на Македонија ВМРО(Об) била основана со девиза за самостојна борба за независна Македонија (март 1926).
Декларација на ВМРО(Об) (1925)
зацијата било намалено, а до кра
јот на 1935 г. и запрено. Во март 1934 г. била организирана ВМРО(Об) и во Егејскиот дел на Македонија, со центар во Солун. По признавањето на посебноста на македонската нација од Коминтерната (11. Ⅱ 1934), Централното раководство на ВМРО (Об) ја засилило дејноста за афирмација на македонската национална посебност и борбата за ослободување и обединување на македонскиот народ во самостојна македонска држава. За запирање на дејноста на ВМРО(Об) во Бугарија нејзините членови биле прогонувани, апсени и осудувани. На судските процеси (1934–1936) тие отворено ја декларирале својата македонска национална припадност. Во Пиринскиот дел на Македонија на ВМРО(Об) $ бил зададен тежок удар и по 1936 г. нејзината дејност запрела. Дејствувањето на ВМРО(Об) во Егејскиот дел на Македонија било прекинато со прогоните од дикта-
Резолуција за македонското прашање
на КИ и ВМРО(Об) (Москва, 23. Ⅱ 1934)

торскиот режим на Метаксас (по
август 1936). Во Вардарскиот дел на Македонија се појавило ново Македонско народно движење (МАНАПО) со своја национална и политичка програма и со организирана дејност (1936–1939) за признавање на посебноста на македонскиот народ во федеративно уредена Југославија и со статус на самостојна политичка единица. Движењето не успеало да се одржи поради слабостите во организирањето и раководењето, но и поради директивата од Коминтерната за задржување на версајските граници на Балканот и за создавање единствен антифашистички фронт. Македонските комунисти го прифатиле сепаратното водење на борбата под раководство на КПЈ, БКП и КПГ.
ЛИТ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1 и 2, Скопје, 1981; Блаже Ристовски, Историја на македонската нација, Скопје, 1999; Програмата на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград од 1917 година за Балканска

Но со прогони, апсења и судски
Членови на МАНАПО во Охрид (1938)
процеси дејствувањето на Органи
федеративна демократска република
(Прилог кон проучувањето на идејата за Балканска федерација во македонското револуционерно движење), „Историја“, 1, Скопје, 1971; зб. Македонија во војните 1912-1918, Скопје, 1991; ВМРО (Обединета) документи и материјали. Избор, ре
дакција и коментар Иван Катарџиев, 1, Скопје, 1991, 2, 1992. М. Мин.

Аграрните реформи во Македонија (1918&1953)

Аграрните реформи во Македонија (1918&1953) & во текот на минатиот век биле извршени две аграрни реформи. Првата аграрна реформа била спроведена во периодот меѓу двете светски војни (1918–1941). Објект на оваа аграрна реформа биле слободните и напуштените имоти (обработлива земја, утрини и шуми во државна и општинска сопственост и сл.) и имотите што ќе останеле слободни по парцелизирањето на крупните имоти. Наспроти ветувањата на аграрните власти и на режимот дека аграрните интересенти ќе ги добијат назад своите имоти бесплатно, земјоделските производители за сето време на дваесет и тригодишниот период меѓу двете светски војни добивале само празни ветувања, биле држени во целосна неизвесност и од страна на политичките партии, државната власт и режимот безочно биле манипулирани и ползувани при изборните кампањи. Аграрната реформа била спроведувана неплански, неорганизирано и без вистински увид во постојниот земјиштен фонд. Бившите сопственици незаконски ги продавале имотите, најчесто на поимотните селани, на шпекуланти, на државни службеници и на други лица што не се занимавале со земјоделство. Во многу случаи аграрните комисии своеволно ги ограничувале имотите на македонските селани и земјата им ја доделувале на колонистичките семејства, кои од другите краишта на Кралството Југославија биле населувани во овој дел на Македонија. Целите на аграрната реформа – обезбедување на селаните со земја, создавање поволна поседовна структура и унапредување на земјоделското производство – не биле постигнати. 

Основна цел на аграрната реформа од 1945–1953 г. било „да се задоволат социјалните барања на сиромашното селанство како најмасовен општествен слој“. Посебна улога во спроведувањето на аграрната реформа имале месните аграрни комисии. Овие комисии биле избирани на селските собири, кои претставувале еден вид собранија на сите заинтересирани полнолетни мажи од домаќинствата во селото каде што имало земја за експропријација. Објект на експропријација биле имотите на крупните земјишни сопственици, имотите на колонистичките семејства населени во Вардарскиот дел на Македонија во периодот меѓу двете светски војни, имотите на банките, претпријатијата и на акционерските друштва, имотите на црквите и манастирите, поседите на припадниците од германска националност што соработувале со окупаторот и конфискуваните имоти на сите лица што биле прогласени за народни непријатели. штотуку формираните месни аграрни комисии веднаш почнале со поделба на земјата. Реформата била спроведувана со многу пропусти, неточна евиден-

 

Македонки од Земјоделската задруга во с. Јабука кај Панчево (Војводина) 

ција на земјишниот фонд, со протежирања и неправди. Поради тоа, веќе во средината на 1947 г., власта пристапила кон ликвидација на земјишниот фонд наменет за аграрната реформа. Неуспехот на оваа аграрна реформа можеше однапред да се очекува. Таа во целост претставуваше првенствено политичко-класен потфат и најмалку беше економски оправдан проект. НР Македонија и натаму остана земја на ситниот посед, со примена на традиционални и едноставни земјоделски орудија, одгледување на земјоделски култури за потребите на семејствата, ниски приноси и сосема слаба пазарна ориентација 

ЛИТ.: Д-р Александар Апостолов, Колонизацијата на Македонија во стара Југославија, Скопје, 1966; Д-р Ристо Христов, Селото во Вардарскиот дел од Македонија меѓу двете светски војни (социо-економски истражувања), Скопје, 1993; Д-р Виолета Ачкоска: Аграрната реформа и колонизација во Македонија 1944–1953 

(документи), Скопје, 1997. Р. Х. 

Македонскиот културно-национален преродбенски процес

Македонскиот културно-национален преродбенски процес – развоен процес на македонското културно-национално будење и државно-политичко осамостојување што почнува со борбата за употреба на народниот наместо црковнословенскиот јазик во пишаната реч и за индивидуализирање на македонскиот културно-историски идентитет во словенскиот и балканскиот свет, за изградба на македонскиот како посебен литературен јазик и за обновување на Охридската архиепископија како национална црква во македонска држава (1802–1944). 

 

Барање од Штипјани за обнова на Охридската 

архиепископија (1860) 

 

Преродбенскиот процес се појавува со закрепнувањето и постепеното македонизирање на градовите во првата половина на ⅩⅠⅩ в. и се изразува со нараснувањето на интересот на македонското граѓанство за училиште и книга на својот народен јазик. Келијните училишта стануваат световни за да ги задоволат потребите на трговците и занаетчиите во македонската чаршија, па се издаваат книги на родниот јазик и со кирилското писмо (Ј. Крчовски и К. Пејчиновиќ) и учебници (А. Зографски), се отвораат свои печатници 

 

К. Пејчиновиќ: „Огледало“ (1916) Камче Наков Попангелов (Даскал Камче), цртеж на Пане Поп Коцев, и училиштето во с. Ваташа, каде што била 

 

 

 

сместена печатницата 

(Т. Синаитски, Даскал Камче), а сè до 60-тите години на ⅩⅠⅩ в. во јавната печатена реч се употребува и грчкото писмо за текстови на македонски (Киријак Држилович, 1851; Павел Божигропски, 1852). 

Тоа е период кога се собира и се печати македонското усно народно творештво (В. Караџиќ, 1815 и 1822; Ст. Верковиќ, 1860; Браќата Миладиновци, 1861) и се нивелира јазикот во единствена форма што полека станува норма и за писмената реч. Во подем е и црковната и профаната архитектура, како и уметноста (фрескосликарството, иконописот, копаничарството и живописот), музиката (првенствено црковната) и театарот (Јордан Хаџиконстантинов-Џинот). 

Бавното именско индивидуализирање на македонскиот етнокултурен субјект во историска перспектива го олеснува процесот на појавата и дејствувањето на националните пропаганди на соседите на почвата во Македонија од половината на ⅩⅠⅩ в. Преродбенското движење (преку фазата на „нашизмот“ како развојна етапа), во 40тите и 50-тите години постепено добива појасна македонска боја, масовно и јавно се изразува во 60тите и 70-тите, особено во вториот бран на Унијатското движење (1873–1874). Првото печатно македонско обележје со јавно изразена национална идеологија се појавува дури во Тријазичниот речник на Ѓорѓија М. Пулевски (1875). 

 

Тријазичниот речник на Ѓорѓија 

М. Пулевски (1875) 

Иако македонското име има континуитет од антиката до денеска, во европски релации тоа особено се афирмира со развитокот на картографијата (ⅩⅤⅠ в.), кога појасно се омеѓуваат границите на македонската територија, а со расцветот на хералдиката на Балканот земскиот грб на Македонија настанува истовремено и рамноправно со сите други такви грбови на овие простори и со тоа всушност се субјективизира и државносната претстава во историјата на македонскиот народ. Од тој претпреродбенски период македонското како етничко име знатно се европеизира, се одразува во европскиот образовен процес, а преку печатениот збор и со трговските и другите врски станува етнокултурен и историски бе-лег на Македонците. Австро-турската војна (1689) и преселбата на народот на север уште повеќе го афирмира македонското историско име како етничко. Така се об-

 

Писмо од австрискиот цар Леополд 

до македонскиот народ (26. Ⅳ 1690) 

 

раќа австрискиот цар Леополд, така ја третира Македонија и руската царица Елизабета Ⅱ. Затоа и бегалците од Македонија по Карпошовото востание при префрлањето од Австрија во Русија во половината на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. пред руската администрација се декларираат дека се „од македонската нација“. Руско-турските војни (ⅩⅤⅠⅠⅠ –ⅩⅠⅩ в.) знатно ја разбудуваат словенската и православната свест во Македонија и го поттикнуваат стремежот за ослободување од вековното османлиско владеење. 

И покрај таквиот развиток, македонското обележје на новата историска категорија нацијата се афирмира дури по судирот на словенизмот со грцизмот – првин на црковен, а потоа и на јазичен 

 

 

Карта на „Македонија, Епир и Ахаја“ од Герхарт Меркатор (1589) Декларирање на преселниците од Македонија преку Австрија во Русија во половината на ⅩⅤⅠⅠⅠ век како припадници на „македонската нација“ 

 

план. Преку фазата на словенобугаризмот, настанува и судирот со самиот бугаризам, најизразито во реакцијата против бугарските учебници во македонските училишта, кога и бугарските национални дејци се спротиставуваат на заедничкиот јазик затемелен од Неофит Рилски – врз основа на источното македонско наречје (1835–1844). Тогаш конечно се наложува источнобугарското наречје како основа на современиот бугарски литературен јазик. Првите пројави на македонската (именски уште неиздиференцирана) национална свест се манифестираат со Кукушката унија (1859). 

Појавата на учебниците „на македонското наречје“ ја предизвикува и грчката реакција против македонското име, прогласувајќи ги античките Македонци за Грци. Тогаш македонската преродба преминува во нова фаза кога нашите интелектуалци и античките Македонци ги прогласуваат за Словени и претходници на Кири-ла и Методија, па во основата на борбата за национална афирмација ги поставуваат Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски, претставувајќи се и самите за директни нивни потомци. Тоа беше силен мит што имаше позитивно влијание во процесот на националната идентификација во наредната етапа. 

Основните карактеристики на македонската културно-национална преродба во овој период се прошируваат со стремежот за употреба и афирмација на македонскиот народен јазик во училиштето и во литературата, а црковнословенскиот во црквите, заедно со веќе организираното барање за обновување на укинатата Охридска архиепископија како самостојна православна црква и услов за обезбедување македонски нуфус во шеријатскиот систем на Османлиската Империја. По Кримската војна (1856), не без руско влијание, ова движење се засилува и е насочено пред сè против грчкиот јазик и грчката книга во училиштата и во црквите, за употреба на „нашинскиот“ во училиштата и словенскиот во црквите. Отпорот на „нашизмот“ против бугарската пенетрација во Македонија организирано се засилува по образувањето на Бугарската егзархија (1870). 

Тогаш оживува и српската национална пропаганда и се поведува 

 

Ферманот за основањето на Бугарската егзархија 

(24. Ⅱ 1870) 

ривалска борба на туѓите пропаганди за превласт во Македонија. Тоа го забавува процесот на афирмацијата на македонската преродба. Така и започнува клучната фаза на преродбенскиот процес. 

Согледувајќи ја желбата на македонскиот народ за сопствен јазик во своите училишта и упорното одбивање на бугарските учебници, за да се инфилтрира бугарската национална идеја во Македонија, Бугарското читалиште во Цариград формира специјална комисија (на чело со П. Р. Славејков) за подготовка на бугарски учебници „на македонското наречје“ (1869). Но идејата стана 

 

Статијата на П. Славејков во весникот 

Македонија“ (18. И 1871) 

беспредметна по брзото создавање на Бугарската егзархија, кога со турските закони беше помогнато слободното влегување на бугарската пропаганда во Македонија. Во тие нови околности Славејков се осмелува во својот весник „Македония“ (18. И 1871) првпат јавно да проговори и за „Македонското прашање“ што го карактеризира како „сепаратистичко“ национално движење и притоа ги набележува основните барања на Македонците: за свој јазик, своја црква и своја културно-историска автономија, различна од бугарската. 

Цели 20 години подоцна (1888– 1891) и српската пропаганда прави сличен обид со букварите и читанката на Стојан Новаковиќ на србизиран македонски јазик за да може и таа, како знатно задоцнета, полесно да продре во Македонија. Меѓутоа, брзо се увидува дека по тој пат само се засилува македонската национална свест, па двете пропаганди брзо се откажуваат од таквиот изнуден експеримент. 

Во борбата за народен јазик во образованието уште во првата половина на ⅩⅠⅩ в. се појавува потребата и за свои печатници, па е отворена Солунската печатница на Теодосија Синаитски (1838–1841) и Ваташката на Даскал Камче, но се прави и обид за словенизирање на грчката печатница на Киријак Држилович во Солун (1860). Потребата за сопствени учебници се обидуваат да ја задоволат учебникарите Анатолија Зографски (1838), Партенија Зографски (1857–1858), а подоцна и Димитар Македонски и Димитар Узунов (1867–1868), Кузман шапкарев (1868–1874) и Ѓорѓија 

М. Пулевски (1873 и особено 1875). Обиди за објавување граматика на македонскиот јазик 

прават повеќемина (Димитар Миладинов, Партенија Зографски, Георги Динката, Венијамин Мачуковски), но само Ѓорѓија Пулевски успева и да го напечати првиот дел на својот обид „Слогница речовска“ (1880). 

Паралелно со тоа се задоволува и потребата за литература на мај

 

„Началное учение за децата“ (Цариград, 

1857) од Партенија Зографски 

и „Свештена историја“ (Цариград, 1867) од Димитар 

Македонски 

чин јазик. Во 60-тите и 70-тите години на ⅩⅠⅩ в. се појавуваат стиховите на Константин Миладинов, Константин и