МАКЕДОНИЈА

„МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ“ АД, Скопје – проектантска организација основана во 1954 г. од комуналните организации „Архитект“ и Заводот за станбена изградба при НО на Собранието на градот Скопје. Сегашното име и дејноста на фирмата се утврдени во 1961 г. Од 1996 г. станува акционерско друштво. Има изработено голем број проекти за училишта, туристички и деловни објекти, сообраќај и др., а врши и консултантски услуги во земјата и во странство (Централна и Источна Европа, Северна Африка, Блиски Исток, Русија и во поранешните југословенски републики). ИЗВ.: Материјали од документацијата на „Македонија проект“, Скопје. Р. Д. МАКЕДОНИЈА САЛУТАРИС

Напишете коментар