МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА (МАЦЕДОНИА)“ (Индијанополис, Индијана, САД, 1932) – месечно списание посветено на македонското движење за слобода и независност, на англиски јазик. Издавач бил Централниот комитет на македонската политичка емиграција во САД и Канада. Уредник бил Т. Калев. Излегувало месечно (освен во јули и август) и било под директно влијание на ВМРО. Објавени се вкупно 10 броја. Во него соработувале Џон Бејклес, Базил Болгар, Симеон Ефтимов, д-р Саул Медан, Милетич, Вангел Г. Сугарев, Фриц Конрад, писателот Стојан Христов и др. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 143–144; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 70.С. Мл.