МАКЕДОНИЈА од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)

Македонија од Балканските до Втората светска војна (1912–1941).

Првата Балканска војна почнала на 18 окт., а на 4. ⅩⅠⅠ 1912 г. било потпишано примирјето. Македонците се бореле во составот на војските на трите балкански држави. Одредот на Јане Сандански и вооружените чети во заднината на отоманската војска самостојно ослободиле повеќе населени места и организирале своја власт до пристигнувањето на сојузничките армиски единици. Се бореле за ослободување и за самостојна држава Македонија, јавно декларирано од Сандански по влегувањето со неговиот одред во Солун, заедно со единиците на бугарската и на грчката војска. Но Македонија била веќе окупирана од армиите на Грција, Србија и Бугарија. Започнала акција (предводена од Димитрија Чуповски, Петар Попарсов и др.) за организиран отпор и за испраќање македонска делегација во Париз и во Лондон за да бара од претставниците на Европа на Мировната конференција признавање на придонесот на македонскиот народ како воју-

Првите Меморандуми од ополномоштената Македонска колонија во С.-Петербург (1. Ⅲ 1913 и од 7. Ⅵ 1913)

вачка страна и сојузник во војната, за создавање самостојна држава. Окупаторските сили го задушиле отпорот во Македонија. Македонската колонија во Русија (ополномоштена од Општомакедонската конференција во Велес) побарала од Мировната конференција (Меморандум, 1. Ⅲ 1913) да се одржи Конститутивно соб-

Македонија по Букурешкиот договор (1913)

Солун. Истото барање било упатено и до владите и јавното мислење во балканските држави-окупаторки (Меморандум, 7. Ⅵ 1913). Меѓутоа, со Букурешкиот договор (10. Ⅷ 1913) Македонија би-ла поделена. Грција го добила Егејскиот, Србија Вардарскиот дел, а на Бугарија $ бил оставен Пиринскиот дел на Македонија. Подоцна и новата држава Албанија добила мал дел. Така поделен, македонскиот народ бил под-ложен на насилна денационализација и асимилација. По започнувањето на Првата светска војна Македонската колонија во Русија побарала од антантините сили (авг. 1914 и јуни 1915) автономна и обединета држава Македонија. Водечките држави од двата противнички воени сојузи на Македонија гледале како на средство за придобивање на Бугарија. Во октомври 1915 г. Бугарија влегла во војната против Србија и по окупацијата во Вардарскиот дел на Македонија воспоставила своја власт. Воените дејства на силите (1.200.000 војници) од двата непријателски сојуза во Македонија оставиле катастрофално разорни последици. Со војната одново било актуализирано и македонското прашање. Пред крајот на 1916 и во почетокот на 1917 г. Германската команда предложила проект за создавање автономна македонска држава. Проектот бил отфрлен од Александар Протогеров и Тодор Александров, со изјава на првиот дека Македонија била бугарски неделив дел од „обединета Бугарија“. И Велика Британија и Франција (по превратот во Русија) го реактивирале прашањето за Македонија. За придобивање на Бугарија рание за создавање независна др-

Обездомени Македонки во војните (1913)

жава Македонија, со центар во Македонскиот фронт (1915-1918) за сепаратен мир предвидувале да $ го отстапат Вардарскиот дел на Македонија до р. Вардар, алтернативно Македонија да се организира како автономна држава под протекторат на една од големите сили или прашањето да се решава во рамките на проектираната држава на југословенските народи. Грција и Србија жестоко се спротиставиле на проблематизирањето на нивните предвоени граници во Македонија и настапиле со но-ви територијални барања. Се активирале и македонските национални организации и друштва во странство. Македонскиот Почетокот на публикуваната Програма на МРК во Петроград („Воля Народа“, 18. Ⅵ 1917) револуционерен комитет во Петроград на чело со Д. Чуповски (1917) повикал за создавање „Балканска Федеративна Демократска Република“ со обединета Македонија како одделна рамноправна република. И македонските друштва во швајцарија барале обединување на Македонија во самостојна македонска држава со центар во Солун. На крајот на војната Егејскиот дел на Македонија бил реокупиран од Грција, а Вардарскиот од Србија. Пред и во времето на Версајската мировна конференција Привременото претставништво на поранешната Револуционерна организација, Генералниот совет на македонските друштва во швајцарија, Македонците во Цариград и др. барале ослободување на Македонија и создавање самостојна држава за траен мир на Балканот, но Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија од Мировната конференција побарал цела Македонија да се присоедини кон Бугарија. Македонското прашање на Мировната конференција било разгледувано само во Комитетот за нови држави (јули 1919), сепаратно за делот од Македонија во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Италијанската делегација се застапила за давање автономија, но се спротиставила француската делегација. Мировната конференција усвоила четворна поделба на Македонија помеѓу Грција, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Бугарија и Албанија. На Грција $ бил потврден Егејскиот дел на Македонија, на Бугарија Пиринскиот дел (без Струмичко, сега доделено на Србија), на Кралството СХС Вардарскиот (проширен со Струмичко), а на новата албанска држава $ било доделено територијално проширување во Македонија по должината на целата гранична линија од областа Гора на север до Горичко (Корчанско) на југ (како компензација за Косово). Грција издејствувала одредба во Мировниот договор за размена на малцинствата со Бугарија. По потпишувањето на Конвенцијата (17. Ⅺ 1919) таа спровела иселување на македонското православно и исламизирано население и колонизирање на Егејскиот дел на Македонија со грчко. Во Вардарскиот дел на Македонија се спроведувала српска колонизација. Економски упропастен и поделен, македонскиот народ бил под-ложен на систематска денационализација и асимилација, спроведувана од владејачките режими преку репресивниот државен апарат, институциите и терористичките здруженија и организации. Внатрешните поделби и идејнополитичките конфронтации се засилиле. Привременото претставништво во Софија, како репрезент на поранешното македонско ослободително движење, се распаднало. Македонските комунисти формирале Емигрантски комунистички сојуз (1920) во рамките на БКП(т.с.). Македонските федералисти основале Македонска емигрантска федеративна организација (1921), а поранешните учесници во македонското револуционерно ослободително движење ја основале Илинденската организација (1920). Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев пак ја обновиле дејноста на предвоената ВМОРО под име ВМРО (1920) во Пиринскиот дел на Македонија, со сестрана поддршка од бугарските монархистички и од високите воени кругови за обезбедување легалитет за ревизионистичко-реваншистичката политика. ВМРО зела активно учество во соборувањето на владата на Александар Стамболиски и се пресметувала со политичките опоненти од македонските полититички организации. Во 1924, со застапување на Димитар Влахов и со посредство на КИ, бил постигнат договор за обединување на македонските политички организации, потврдено со Мајскиот манифест. На 1 ав-густ водачите на ВМРО Александров и Протогеров ретерирале. Нивното меѓусебно соперништво довело до внатрешни судири и меѓусебни ликвидации. По убистваУставот на ВМРО(Обединета) (1925) та во времето на Септемвриското востание и по убиството на Тодор Александров (31. Ⅷ 1924), следеле многубројни убиства на истакнати македонски револуционери и комунисти. Интелектуална Европа била згрозена. Познати писатели и влијателни општественици барале запирање на политичките убиства. ВМРО под водство на Иван Михајлов продолжила да дејствува за каузата на бугарската државна политика. Финансирана од бугарската држава, од Италија и со средствата што присилно ги собирала од македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија (преку инсталираниот паралелен апарат), под декларираната девиза борба за автономија на Македонија, уфрлувала во Вардарскиот дел на Македонија (инцидентно и во Егејскиот дел) вооружени чети што извршувале диверзии и атентати. На надворешно-политички план ВМРО со петиции до Друштвото на народите и до другите меѓународни организации барала малцински права за бугарското население во Македонија под власта на Југославија и на Грција. Во 1935 г., кога ВМРО станала пречка за Бугарија во односите со Југославија, била забранета и експресно ликвидирана. Македонските револуционерни сили се обединиле во 1925 г. во ВМРО(Об) организирана да прерасне во масовно револуционерно национално движење на целата територија на Македонија за обединување и ослободување на македонскиот народ во самостојна држава во една Балканска Федерација. Во Вардарскиот дел на Македонија ВМРО(Об) била основана со девиза за самостојна борба за независна Македонија (март 1926). Декларација на ВМРО(Об) (1925) зацијата било намалено, а до крајот на 1935 г. и запрено. Во март 1934 г. била организирана ВМРО(Об) и во Егејскиот дел на Македонија, со центар во Солун. По признавањето на посебноста на македонската нација од Коминтерната (11. Ⅱ 1934), Централното раководство на ВМРО (Об) ја засилило дејноста за афирмација на македонската национална посебност и борбата за ослободување и обединување на македонскиот народ во самостојна македонска држава. За запирање на дејноста на ВМРО(Об) во Бугарија нејзините членови биле прогонувани, апсени и осудувани. На судските процеси (1934–1936) тие отворено ја декларирале својата македонска национална припадност. Во Пиринскиот дел на Македонија на ВМРО(Об) $ бил зададен тежок удар и по 1936 г. нејзината дејност запрела. Дејствувањето на ВМРО(Об) во Егејскиот дел на Македонија било прекинато со прогоните од дикта-Резолуција за македонското прашање на КИ и ВМРО(Об) (Москва, 23. Ⅱ 1934) торскиот режим на Метаксас (по август 1936). Во Вардарскиот дел на Македонија се појавило ново Македонско народно движење (МАНАПО) со своја национална и политичка програма и со организирана дејност (1936–1939) за признавање на посебноста на македонскиот народ во федеративно уредена Југославија и со статус на самостојна политичка единица. Движењето не успеало да се одржи поради слабостите во организирањето и раководењето, но и поради директивата од Коминтерната за задржување на версајските граници на Балканот и за создавање единствен антифашистички фронт. Македонските комунисти го прифатиле сепаратното водење на борбата под раководство на КПЈ, БКП и КПГ. ЛИТ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1 и 2, Скопје, 1981; Блаже Ристовски, Историја на македонската нација, Скопје, 1999; Програмата на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград од 1917 година за Балканска Но со прогони, апсења и судски Членови на МАНАПО во Охрид (1938) процеси дејствувањето на Органифедеративна демократска република (Прилог кон проучувањето на идејата за Балканска федерација во македонското револуционерно движење), „Историја“, 1, Скопје, 1971; зб. Македонија во војните 1912-1918, Скопје, 1991; ВМРО (Обединета) документи и материјали. Избор, редакција и коментар Иван Катарџиев, 1, Скопје, 1991, 2, 1992. М. Мин.