ЛОЈАНЕ

ЛОЈАНЕ – наоѓалиште на Мо, Сб, Ас руда. Се наоѓа 10 км северозападно од Куманово, просторно локализирано по должината на контактните делови на ултрабазитите и андезитите. Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат поголеми маси на ултрабазити-серпентинити и флишоидни седименти, во чии контактни делови полифазно се интрудирани риолитски и андезитски дајкови, за кои генетски и парагенетски се поврзани најзначајните Ас-Сб оруднувања. Ас-Сб минерализацијата е од жичен тип, создавана на контактот помеѓу серпентинитите и андезитите, но и во самите серпентинити, во непосредна близина на хромитските оруднувања, а понекаде и по должината на прслинско-пукнатинските системи во андезитите. Содржината на основните рудни ме-тали во наоѓалиштето е променлива, но во просек се движи околу 4% Ас, 5% Сб и 0,2 – 0,5% Ни. ЛИТ.: Тодор Серафимовски, Металогенија на зоната Леце–Халкидики. Докторска дисертација. РГФ, Штип, 1990. Т. Сер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *