ЛОЗИ, Нашку

ЛОЗИ, Нашку (Крушево, 1885 – Крушево, 1912) – влашки поет. Учел романско училиште во родниот град и романски лицеј во Битола. Во Илинденското востание се наоѓал во родниот град и непосредно по задушувањето на востанието (20. Ⅷ 1903) ја напишал на влашки песната „Пискотот на крушевчани” („Сгхиелу а Црусувеанлор”), пронајдена во домашната архива на Костика Телеску од Крушево. Песната е препеана на македонски јазик од Гане Тодоровски и објавена во книгата на Христо Андонов-Полјански „За Македонците” (Скопје, 1969). Г. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *