ЛИВАДИ

ЛИВАДИ – земјоделски површини на кои вегетираат едногодишни и повеќегодишни тревести видови и во поголемиот дел од годината се искористуваат со косење. Во РМ зафаќаат површина од околу 56.420 ха (2005), со просечен принос од 1.738 кг/ха. Според постанокот, ливадите се поделени на природни и сеани. Природните ливади настанале по природен пат, сеаните се антропогени, ги засновува и ги управува човекот. Покрај природните, во РМ се подигнати и околу 25.000 ха сеани ливади. Тоа е реализирано со Републичката програма за затревување на напуштени и подложни на ерозија ораници, кои се застапени на повеќе од 200.000 ха. Оваа програма започна да се реализира во 1976 и траеше до 1991 г. Ливадите се лоцирани претежно во низините, почнувајќи од Гевгелиската Котлина, како најниска, па сћ до Ресенската, како највисока. Од нив се обезбедува кабеста храна за периодот кога ј а нема во доволно количество, а се значајни и за пчеларството. П. Ив.

Напишете коментар