ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ. Иако официјално кодифицирана во слободната земја (1945), македонската наука за јазикот не е без традиција во областа на лексикографијата. Уште во ⅩⅤⅠ в. е направен еден речник на костурски говор, а во 1802 г. во Венеција е напечатен и „Четиријазичникот” на Даниил (македонски, грчки, влашки, албански). Македонски речнички материјал оставија Константин Петкович (1848) и Рајко Жинзифов. Браќата Миладиновци објавија (во својот „Зборник”) и мал македонскохрватски речник, а пак Ѓорѓија Пулевски отпечати „Речник от четири језика” (македонски, албански, турски и грчки, Белград, 1872) и „Речник от три језика” (македонски, албански и турски, Белград, 1875, всушност разговорници). Речнички материјал оставија и собирачите на народното творештво шапкарев и Цепенков. По кодификацијата се појавија „Македонски правописен речник” (1950) и „Речник на македонскиот јазик” (И 1961, Ⅱ 1965, Ⅲ 1966), а потоа и големи двојазични речници на повеќе словенски и европски јазици. ЛИТ.: Људмил Спасов, За македонските речници, во: Компендиум по историјата на македонскиот писмен јазик, Филолошки факултет „Блаже Конески”. Т. С. Македонско лениче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *