ЛАЗАРОПОЛЕ

ЛАЗАРОПОЛЕ – село во мијачкиот крај. Се наоѓа на југозападните падини на планината Бистра, на надморска висина од околу 1.300 м. Со Дебар, по долината на Мала Река е поврзано со локален асфалтен пат. Во минатото Л. било големо село. Населението се занимавало со номадско сточарење. Во 1953 г. во него живееле 962 ж., но во подоцнешните години селото било зафатено од силна миграција, па во 2002 г. во него статистиката не регистрирала ниту еден постојан жител. Сепак, поранешните семејства своите куќи ги обновиле и денеска Л. прераснало во туристичка населба, која, особено во летниот период, е доста посетена. За сместување на туристите постојат и 4 павилјони со капацитет од 130 легла. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *