КОВАЧЕВ, Владислав

КОВАЧЕВ, Владислав (Славчо) (Штип, 5. Ⅰ 1875 – Софија, 13. IX 1924) – учесник во Илинденското востание, водач и идеолог на МЕФО, журналист, судија во Бугарија. Завршил Воено училиште во Софија. Бил секретар на Врховниот комитет (1899–1901) и редактор на неговиот орган в. „Реформи”. Во 1902 се определил против врховизмот, со чета заминал во Македонија и водел борба против врховистите за спречување на Џумајското востание. Во Илинденското востание како Штип-ски војвода се борел во Штипско, Кочанско и Кратовско. Во 1910 г. завршил правни науки во Париз, а во 1911 г. докторирал во Брисел. По Првата светска војна во Со-Владислав Ковачев фија бил адвокат и судија, редактор на в. „Автономна Македонија” (1920–1923), идеолог на МЕФО (1921) со определба за Независна Македонија во Балканска федерација. Од 1923 бил член на раководното тело на Илинденската организација. Убиен по горноџумајските убиства (1924) извршени од ВМРО на Ив. Михајлов. Автор е на брошурата „Автономна Македонија” (1919) и на ракописот „Политичкото верују на Македонците” (1924). ЛИТ.: Владислав Ковачев, Политичкото верују на Македонците. Предговор и редакција д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2000. З. Тод. Јосиф Ковачев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *