КИРИЛИЦА

КИРИЛИЦА – словенско писмо наречено во чест на св. Кирил, иако тој не ја има составено помладата кирилица, туку најстарото словенско писмо – глаголицата. Во најстариот период од словенската писменост (Ⅹ–XI в.) кирилицата се употребува паралелно со глаголицата. Се претполага дека официјално воведување на кирилицата е извршено на Црковнонародниот собор во Преслав во 893 г. и дека новата азбука ја има сос-Словенската кирилица – од икона на Дичо Зограф тавено Константин Преславски. Таа е широко прифатена на дворот на царот Симеон (893–927), додека во македонската писменост таа се вдомува постепено, бидејќи во најавторитетниот македонски културен центар, Охридскиот, долго доминира глаголицата, воведена и негувана од св. Климент и св. Наум. Старата кирилица се наложува како доминантно писмо на македонската писменост дури од Ⅻ в. наваму. Кирилицата се базира на византиското унцијално писмо дополнето со знаци специфични за словенскиот јазик, преземени главно од глаголицата и на соодветен начин адаптирани. Основен репертоар на буквите е следниот: а(1), б, в(2), г(3), д(4), е(5), ‘, џ(6), з(7), и(8), ѕ(10), к(20), л (30), н(40), о(50), њ(800), п(80), р(100), с(200), т(300), оу(400), ф(500), х(600), ц(900), =(90), ш, ќ, 7, 7ѕ, 6, 5, ©, §, ¨, 3(900), «, 4, ¬, К(60), П(700), љ(9), У(400). Одделно букви може да имаат повеќе нацрти, на пр., покрај оу се употребува и 8, покрај џ има и / и З итн. Секоја буква имала свое име: аз7, боук7ѕ, в5д5, глаголи, добро, ест7, ‘ив5те, џ5ло… Од првите две имиња потекнува и зборот азбука со кој го означуваме кирилското писмо. Називи на буквите се забележени во старите абецедари, од кои најпознати се т.н. Бугарски или Паришки глаголски абецедар од XI–Ⅻ в. и т.н. Минхенски глаголско-кирилски абецедар од Ⅻ в. Буквените знаци, освен за запишување на гласови, служеле и за запишување бројки (нумеричката вредност се наведува во загради). Старата кирилица претставува основа на современите кирилици (руска, украинска, белоруска, српска, бугарска, македонска). Македонската кирилица е прогласена за официјално писмо во Македонија на 3 мај 1945 г. Таа содржи 31 знак: а, б, в, г, д, ѓ, е, ж, з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н, њ, о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш. А, а Б, б В,в Г, г Д,д Ѓ, ѓ Е,е Ж, ж З, з Ѕ,ѕ И, и Ј,ј К, к Л,л Љ, љ М, м Н, н Њ, њ О, о П, п Р, р С, с Т, т ќ, ќ У, у Ф, ф Х, х Ц, ц Ч, ч Ⅹ, џ ш, ш Графемски изглед на македонското кирилично писмо ЛИТ.: (избор) П. А. Лавров, Палеографическое обозрение кирилловского писÏма, Õнциклопедия славянској филологии, 4, 1. С-Петербург, 1914; Е. Ф. Карскиј, Славянская кирилловская палеография, Ленинград, 1928; Н. Н. Дурново, МÎсли и предположения о происхождении старославянского язÎка и славянских алфавитов, „Бѕзантинославица”, 1, 1929, 48–85; истиот, ЕÈе о происхождении старославянского язÎка и писÏма, „Бѕзантинославица”, 3, 1931, 68–78; Г. А. ИлÏинскиј, Где, когда, кем и с како целÏÏÓ глаголица бÎла заменена кирилицеј?, „Бѕзантинославица”, 3, 1931, 79–88; П. Хр. Илиевски, Појава и развој на писмото. Со посебен осврт кон почетоците на словенска писменост, Скопје 20011, 20062. Зд. Р. Ристо Кирјазовски