КАРАН

КАРАН (Каранос) – прв и еден од тринаесетте македонски митолошки кралеви пред историскиот крал Пердика И, претставен како основоположник на првата македонска кралска династија. Митот за него ја објаснува симболиката на козата кај Македонците и посебно на кралскиот двор. Неговото челно вметнување на кралската листа во македонската традиција веројатно потекнува од времето на владеењето на кралот Архелај И. Постојат хипотези за неговото внесување на кралската листа како своевидна митска персонификација или како дел од македонската пропаганда за божемно хеленско потекло од пелопонескиот Аргос, но можно е и да е историска личност. Според византискиот историчар Синкел, Каран бил единаесетти по ред од херојскиот род на Хераклеидите, а седми од Темен. Во Македонија владеел 28 г., и тоа 18 г. пред првата Олимпијада (794 г. пр. н.е.). Според Сатир, тој е деветти од Хераклеидите, а според Константин Ⅶ Порфирогенит, тој е третиот син на Херакле. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896; Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ; Ф. Јацобѕ, Дие Фрагменте дер гриецхисцхен Хисторикер, Берлин, 1923–30, Леиден, 1940–58. ЛИТ.: Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Н. Г. Л. Хаммонд анд Г. Т. Грифитх, А Хисторѕ оф Мацедониа Ⅱ, Оџфорд, 1979. К. М.-Р. Васко Карангелески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *