КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Врските датираат од почетокот на ⅩⅩ в. (особено по Илинденското востание), кога претходно започнатиот процес на иселување Македонци се интензивира и трае до денес. Во времето и по Балканските војни Македонците во Канада организираат протести (Торонто, Хамилтон) на кои апелираат против поделбата на Македонија. Во септември 1913 г. во Торонто се основа првото (македонско-одринско) друштво, по што следува конгрес на македонските друштва во Северна Америка заради раз-Ансамблот „Македонија” од Торонто гледување на прашањето на натамошната борба на Македонците во татковината (Чикаго, септември 1913), на кој се основа Сојуз на македонските друштва во САД и Канада, оневозможен да дејствува поради силната бугарска и српска пропаганда. Во 30-тите години дејствува исто така Македонскиот народен сојуз и издава свои органи што ја афирмираат македонската нација, историја и култура. Во рамките на сојузничката воена мисија кај НОВ и ПОМ (1944) престојуваат и припадници на Армијата на Канада. На 18. Ⅳ 1965 г. неговото блаженство архиепископот Доситеј ја осветува првата македонска црква во Канада „Св. Климент Охридски” (Торонто). Најпозната организација на Македонците во Канада е „Обединети Македонци”, формирана по Втората светска војна. Припадници на воените сили на Канада се меѓу првите мировници на ОН (УНПРОФОР), кои се распоредени во РМ од РБиХ (декември 1992 – февруари 1993) и учесници во НАТО мисијата „Неопходна жетва” (августсептември 2001). Дипломатски односи се воспоставени на 4. Ⅵ 1996 г. На 17. Ⅱ 1997 г. Владата на РМ носи одлука за отворање амбасада во Отава и Генерален конзулат во Торонто. Во декември 1998 г. се отвора конзулат на Канада во Скопје. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Канада е Јордан Веселинов. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада во РМ е Денис Схнаидер. ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. ЛИТ.: Иван Катарџиев, Македонија и Македонците во светот, Скопје, 1996. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *