КАЛЕМЕЊЕ

КАЛЕМЕЊЕ – вештина што се практикувала уште кај најстарите народи (Феникијци, Грци, Римјани, Кинези). Има голем број начини на калемење, со разни модификации. При калемењето е важно да се спојат камбијалните ткива на подлогата и на калемот. На пресеците камбијалните клетки се делат и создаваат калус – ткиво со недиференцирани паренхимски клетки. По нивното спојување се диференцираат спроводните садови и другите елементи на дрвото и на кората. ќе наброиме некои поважни начини на калемење што се применуваат кај нас: 1. калемење на пупка (во Т зарез, на изрез, на прозорче, на будна пупка, на заспана пупка); 2. спојување (просто, англиско, клинесто); 3. на процеп (полупроцеп, цел процеп, тангенцијален процеп); 4. под кора (обично, под јазиче со ковање). Б. Р.