РИБИЗЛА

РИБИЗЛА (Рибес Л., фам. Саџифрагацеае) – род со околу 150 вида, главно листопадни грмушки од северната хемисфера, со лаповити и назабени листови, хермафродитни или еднополни цветови единечни или во Рибизла гроздови. Плодот е повеќесемена, сочна бобинка. Во Република Македонијаприродно се застапени: Р. гроссулариа Л. (огрозд), Р. алпинум Л. (планинска рибизла), Р. мултифлорум Кит. и Р. петраеум Њулф. Кај нас е дворна култура. Најквалитетна е црната рибизла, со над 200 мг % витамин С. Црвената рибизла е породна. Има и златна рибизла, која е најбујна и може да се употребува за високо калемење на другите рибизли и на огроздот. Б. Р.; Ал. Анд. Ерол Ризаов