КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф

КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф (Ченстохова, Полска, 1893 – Охрид, 1982) – лекар, специјалист за детски болести, учесник во Октомвриската револуција и во НОБ, организатор на санитетската служба во Охрид. Дипломирала медицина во Берлин, по што заминала на работа во Петроград (1914). Специјализирала педијатрија во Берлин (1920). По доаѓањето во Македонија (1923) соработувала со членовите на КПЈ. Во текот на НОБ во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци на членови на КПЈ/КПМ, а во приватната ординација лекуваЕлена Каваева-Етингер ла болни и ранети борци. Одликувана е со советски Орден за воени заслуги (1968). ЛИТ.: Б. Н.: Елена и Владимир Каваеви, „Нова Македонија”, ЏЏВИИ, 9267, Скопје, 7. XI 1972, 6; Живко Димоски, Сета младост за Октомври, „Просветена жена”, Скопје, декември 1977, 9; Р. Т., Малечката бунтовничка – голема пријателка на Ленин. Сеќавања на Елена Каваева за Октомвриската револуција, „Нова Македонија”, Скопје, 31. Ⅲ 1979, 7; Д-р Ѓорѓе Миљковиќ, Македонците под знамето на големиот Октомври, „Комунист”, В, Скопје, 6. XI 1987, 23. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *