ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. По доаѓањето на Словените на Балканскиот Полуостров е создаден првиот словенски книжевен јазик, познат како старословенски (IX в.). Во неговата основа е земен македонскиот говор од Солунско. Св. Кирил ја создал првата словенска азбука – глаголицата (863) и заедно со брат му св. Методиј ги направил првите преводи од грчки на старословенски јазик за потребите на богослужбата во моравското кнежество. Старословенскиот, како јазик на црковната литература, заедно со писменоста, бил пренесен во словенските земји, каде што потоа се внесувале и елементи од локалните говори. Во Охридскиот книжевен центар, создаден од учениците св. Кирил и св. Методиј – св. Климент и св. Наум, во текстовите се зачувани од Ⅹ до Ⅻ в., јазичните елементи од македонски говори. Потоа почнал процесот на диференцијација на македонскиот јазик, односно неговите дијалекти, во однос на бугарските говори (на пр., замената на еровите во затворен слог: Ý во е, ъ во о). Од Ⅻ до ⅩⅣ в. македонските јазични елементи сè повеќе доаѓале до израз во текстовите од тој период (на пр., изедначувањето на назалниот вокал − (ен) со ‹ (јат), по губењето на назалниот призвук кај −). Во овој период голема улога имал и Лесновскиот книжевен центар. Од ⅩⅣ в., во текстовите што потекнуваат од Македонија, сè позасилено се чувствувало српското јазично влијание (т.н. српска јазична редакција на старословенскиот јазик) како резултат на продорот на српските феудалци и ширењето на српската држава. По доаѓањето на Турците кон крајот на ⅩⅣ и почетокот на ⅩⅤ в. книжевната дејност речиси замрела, а старословенскиот јазик му го отстапувал местото на народниот јазик во секојдневната комуникација. Во периодот од ⅩⅤⅠ до ⅩⅠⅩ в. народниот јазик полека го истиснал старословенскиот, пред сè во практичната писмена употреба (писма, белешки и сл.), а во текстовите со црковна содржина, иако се употребувал старословенскиот, сè повеќе се препознаваат јазични особености од народните македонски говори. Влијание за внесување на народниот јазик во текстовите со црковна содржина извршиле проповедите на грчкиот проповедник Дамаскин Студит (ⅩⅤⅠ в.), напишани на новогрчки народен јазик. Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. на територијата на Македонија имало руски книги преку кои се ширело влијанието на руската редакција на старословенскиот јазик во црковната употреба. Во почетокот Факсимил на насловот на ⅩⅠⅩ в. се засилило и грчкото влијание, па во тој период во почеста употреба е грчкиот алфабет. Во втората половина на ⅩⅠⅩ в. се поставило прашањето за литературен јазик што ќе ги обедини сите македонски локални говори. Во 30-тите години, до 1844 г., во писмена употреба е источното македонско наречје со заемки од бугарскиот како заеднички пис-мен јазик (Н. Рилски). Во 50-тите години од ⅩⅠⅩ в., со оглед на историските околности (заедничката борба на македонското и бугарското граѓанство против Цариградската патријаршија, а со тоа и против употребата на грчкиот јазик во црквата и во училиштата), се појавил стремежот (П. Зографски) за заеднички т.н. „среден” јазик за Македонците и за Бугарите. Спротивно на ова мислење, поборниците за македонската национална кауза – „македонистите” (Ѓ. Пулевски) се залагале за литературен јазик одделен од бугарскиот. Во творбите на писателите од тој период, во поглед на јазикот, се забележуваат и двете гледишта. Кон крајот на ⅩⅠⅩ в. и почетокот на ⅩⅩ в. во Македонија се засилиле српската, грчката и бугарската пропаганда. Во 90-тите години од ⅩⅠⅩ в. група македонски интелектуалци се обединиле околу сп. „Лоза”, кои во своите статии употребуваат зборови од македонските дијалекти. Во 1893/94 г. во Белград е основано и Културно-просветното друштво „Вардар” со програма за проучување на јазикот и етнографијата на Македонија. Кога тоа е задушено, се формира Македонскиот клуб во Белград што почнува да Страница од Четвороевангелие (ⅩⅣ в.) ИСТОРИСКИ Крсте Петков Мисирков, факсимил од книгата „За македонцките работи“ го објавува и својот печатен орган „Балкански гласник” (1902), а кога и тој беше задушен, главните организатори и редактори Ст. Ј. Дедов и Д. Т. Мишајков отидоа во С.-Петербург и заедно со К. Мисирков, Димитрија Чуповски и други го основаа Македонското научно-литературно другарство (1902) со јасна определба за македонскиот литературен јазик. Во 1903 г. во Софија е отпечатена книгата „За македонцките работи” од Крсте П. Мисирков, со теориско образложение и практична примена на кодификацијата на современиот македонски литературен јазик. Мисирков го зема централното наречје за основа на литературниот јазик, а во поглед на ортографијата се застапувал за фонетскиот принцип, со мали отстапки во етимологијата. По поделбата на Македонија (1913) меѓу Србија, Грција и Бугарија прашањето за литературниот македонски јазик, иако било спречувано од страна на властодршците во сите три држави, сè повеќе било присутно кај македонската интелигенција, но и кај работничката класа. Се појавиле поголем број творби напишани на македонски јазик. По решението на Коминтерната (1934), и на меѓународен план му се афирмира правото на македонскиот народ на сопствен литературен јазик на посебната македонска нација. Конечното разрешување на прашањето за македонскиот литературен јазик станува на Ⅰ заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), кога македонскиот е прогласен за службен јазик на македонската држава. Во периодот од 1943 до 1991 г. во Федеративна Југославија македонскиот јазик, според Уставот, има рамноправен третман со другите три службени јазици, но во извесни сфери и дејности (на пр., во Армијата и во други институции и организации од сојузен карактер) има ограничена употреба. По осамостојувањето на РМ како независна држава, македонскиот литературен јазик се употребува во сите сфери на општественото живеење. Покрај на територијата на РМ (како службен), македонскиот јазик се зборува и во Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Србија, како и во дијаспората, каде што има бројно македонско иселеништво. Бројот на македонски говорители се проценува на околу 2.500.000. Според класификацијата на јазиците, македонскиот спаѓа во индоевропската јазична фамилија, како еден од јужнословенските јазици. ЛИТ.: Бл. Конески, Историја на македонскиот јазик, Скопје, 1965; истиот, Граматика на македонскиот литературен јазик, И, Скопје, 1952. Г. Цв.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.