ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ во Канада

ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ во Канада (Торонто, 28 4 1959) – македонска национална организација што развива национална културна и просветна дејност и ги афирмира македонскиот национален идентитет и припадноста кон МПЦ, верските обреди и македонските на-Амблемот на „Обединетите Македонци“ родни традиции, работи за национално и духовно обединување на Македонците во Канада. Има гранки во Хамилтон (1968) и во Виндзор (1969). По проширувањето на дејноста во САД (Детроит и Колумбос), прераснува во национална организација во Северна Америка за заштита на националните права на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија (1970). Во рамките на Организацијата дејствува КУД „Гоце Делчев“. Т. Вр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *